Ретки фотки од децата на Енрике и Ана: Вешто ги кријат близнаците од јавноста, а сите се сложија дека синот е копија на тато
Ана Курникова и Енрике Иглесијас направија исклучок и објавија фотографии од своите близнаци, ќерката Луси и синот Николас...
Иако од самиот почеток на нивната врска, Ана и Енрике донесоа заедничка одлука за тоа дека нивниот приватен живот за јавноста ќе остане приватен, сепак руската тенисерка реши да направи исклучок.
Имено, Ана не можеше да одолее, а да не се пофали со своите мали наследници, близнаците Луси и Николас кои го прославија 4-от роденден.
Тенисерката прво објави две фотографии од ќерката Луси, а потоа сподели фотографии од синот. Многумина беа изненадени колку се пораснати, а и се сложија дека малиот Николас е копија на татко му.
Во коментари се редеа честитките, а се огласи и нивниот татко Енрике, кој со емотикони во облик на срце даде до знаење колку е горд. Освен него, на близнаците роденден им честиташе и Ива Мајоли, која со Ана ја поврзува долгогодишното пријателство од тениските терени.
Кога во декември 2017 година, Енрике и Ана ја објавија веста дека станале родители, светот беше шокиран, бидејќи целата бременост и самото породување ги држеа во тајност.
Исто како и првиот пат, Курникова и Иглесијас во 2020 година, новата бременост исто така ја чуваа далеку од очите на јавноста, а тоа го откри помладиот брат на Енрике, Хулио во едно гостување на радио, каде најави дека пристигнува уште едно бебе.
Ана Курникова со царски рез на 30 јануари на свет го донесе девојчето, на кое му го даде името Мери.
За потсетување, Ана и Енрике се заедно веќе 20 години, а својата љубов настојуваат да ја држат далеку од очите на јавноста. Тенисерката и музичката ѕвезда се запознале на снимањето на спотот за песната „Escape“ и од тогаш ја носат титулата „двојка до соништата“.