Ретки фотографии од синот на Џони Деп: Колку Џек личи на татко му?
И додека од својата 15 година, Лили - Роус одеше по модните ревии со својата мајка, нејзиниот брат Џек Џон Кристофер Деп III ретко кога се појавува во јавност.
Мал е бројот на оние кои ова момче го поврзуваат со неговите познати родители - татко му Џони Деп и мајка му Ванеса Парадис. Освен неколкуте детали кои актерот ги откри за својот син во интервјуата во текот на годините - на пример дека е талентиран музичар и вешт во цртањето - малку работи се знаат за него.
Џек е роден на 9 април 2002 година и неодамна наполни 18 години. Нема јавни профили на социјалните мрежи, не оди на забави на кои се присутни камерите на медиумите и ги избегнува папараците. Сето ова досега му одеше многу добро.
Сепак, фотографите го „уловиле“ на париските улици во друштво на две години постарата девојка - Камила Џансен.
Модниот стил го има наследено од својот татко - тој за прошетката во главниот град на Франција на себе носеше маслинести панталони и бела маичка. Но, што мислите - колку тој физички личи на својот татко?