Ретко се гледа: На кого повеќе личат ќерките на Рајан Гослинг и Ева Мендес?
Еден од најтаинствените холивудски парови, Рајан Гослинг и Ева Мендес кои ретко даваат информации за нивната љубовна врска, како и за семејниот живот, овој викенд го искористија за да излезат со своите две ќерки и беа „уловени“ од папараците.
Ретките се фотографиите од ова четиричлено семејство, кое е забележано како оди на ручек во Лос Анџелес. Иако познатиот пар секогаш го привлекува вниманието каде и да се појави, овојпат вниманието го украдоа нивните преслатки ќерки, 5 - годишната Есмералда и 3 - годишната Аманда.
Со семеен ручек, парот го прослави најромантичниот ден во годината, Денот на вљубените, а 45 - годишната актерка во раце држеше неколку ружи.