Ријана доби оригинална честитка за роденденот: Норт го ископира нејзиниот настап од „Супер Боул“ со слатка порака (ВИДЕО)

Ријана доби оригинална честитка за роденденот: Норт го ископира нејзиниот настап од „Супер Боул“ со слатка порака (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Ако Ријана го видела ова, веруваме дека ќе ѝ се допадло...

Норт Вест со задолство објавува содржини на ТикТок профилот кој го дели со својата мајка Ким Кардашијан. Иако има само 9 години, веќе е вистинска ѕвезда на оваа платформа и редовно со своите објави ги расположува своите следбеници.

Очигледно е дека Норт е голема обожавателка на Ријана, бидејќи по повод роденденот на пејачката, Норт рекреираше дел од кореографијата од „Супер Боул“.

Во тоа ѝ помогна Монро, 10-годишната ќерка на музичката дива Мараја Кери. Монро беше облечена во црвена бомбер јакна и ја имитираше Ријана, додека Норт беше облечена во бело, носеше очила и ги изведувачи танцовите движења, исто како и танчерите на Ријана, кои ја придружуваа на сцената. Веселите девојки така го рекреираа еден од највиралните делови од настапот.


„Те сакаме Ријана. Среќен роденден, хохо, Роу и Норт“ - стои во описот на видеото. Ако Ријана ја видела оваа роденденска честитка, веруваме дека ѝ се допаднала.

Освен видеото во кое ѝ го честитаат роденденот на Ријана, деовјките најбрзо објавија уште едно видео, каде во кадрите се појавуваат и нивните познати мајки. Изгледа дека пријателството на Норт и Монро, ги зближило и Мараја и Ким.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: