Ријана е бремена: Пејачката проговори за мајчинството
Пејачката Ријана се појави на свеченоста „Дијамантски бал“ во Њујорк, а на хуманитарната ревија која ја организираше таа биле присутни и многубројни познати личности.
Ријана исто така на црвениот тепих прошета во еленгантен долг црн фустан, а многумина изненади со една реченица која ја упати на новинарите, па фановите од тогаш на Твитер пишуваат дека Ријана е бремена.
„Јас сум Афроамериканка. Ме родила Афромериканка, која е родена од Афроамериканка, која исто така е родена од Афромериканка и јас ќе родам Афроамериканка. Мојата мајка е неверојатен пример како треба да се бори со препреките во животот. Сигурна сум дека и нејзината мајка ја научила така и јас ќе бидам таква. Ние сме беспрекорни и посебни и свеетот ќе мора да се носи со тоа“ - рече една од најплатените пејачки на светот.
Иако не потврди дека е бремена, Ријана поттикна лавина од коментари на Твитер, а многу следбеници заклучија дека пејачката е бремена.
„Жената најави дека наскоро ќе роди“, „Не можам да верувам! Оваа вест ми го разубави денот.“, „РиРи ќе биде совршена мајка“ - се само некои од коментарите на ова социјална мрежа.