Рита Ора за својот сингл статус: „Ме поврзуваат со кој и да ме здогледаат“!
Британската пејачка Рита Ора ја воодушеви публиката на музичкиот фестивал кој неодамна се одржи во Велика Британија, а за настапот се одличи за навистина смела комбинација.
Таа на сцената играше и пееше во розево – портокалова комбинација. Под сакото имаше само боди, а најмногу внимание привлече со необичнитечизми кои имаа џебови. Комбинацијата ја „засили“ со златен накит.
Британската пејачка Рита Ора неодмна се отвори и проговори за својот романтичен живот признавајќи дека и е тешко да оди на „дејт“ со некој само два месеци откако се раздели од момчето, актерот Ендру Гарфилд.
„Сфатив дека е премногу тешко да се биде со некој. А доколку е тешко, тоа потврдува дека не е вистинското време“ – рече Рита.
Врските не и се приоритет, како што кажува и самата, иако ја поврзуваат со секој човек со кој ќе ја сретнат.
„Ме поврзуваат со секој со кој ќе ме здогледаат. Но, да бидам искрена, токму сега врските не ми се приоритет“ – посочи таа.
Принза и дека црвениот тепих на Мет галата, го искористи за кокетирање со момците.
„Навистина поради тоа бев таму“ – призна во емисијата на Џими Фелон.