Роберт Патинсон ја откри тајната врска помеѓу ликовите кои ги глумел во „Самрак“ и „Хари Потер“

Роберт Патинсон ја откри тајната врска помеѓу ликовите кои ги глумел во „Самрак“ и „Хари Потер“

Објавена во: Stars // Филм

Негова мала тајна...

Актерите имаат свои мали тајни кои гледачите најверојатно никогаш не ги забележале додека ги гледале филмови. Овој детаљ кој го откри Роберт Патинсон за да ги спои Едвард и Седрик, дефинитивно нема шанси сами да го сфатите.

На прва сигурно и ти ќе помислиш: „нема шанси Едвард Кален и Седрик Дигори да се поврзани на било кој начин“, но Роберт Патинсон тврди дека се и дека ги поврзува еден таен детаљ што тој го внел во двете улоги. Нив не ги поврзува приказанта, тоа би било лудо. Во едно неодамнешно интервју кое го даде за магазинот „GQ“, Роберт откри многу неочекувани работи, а една од оние кои им го привлече вниманието на обожавателите е поврзаност на двата лика. Едвард и Седрик моментално се неговите две најпознати улоги, а сега откри дека овие два лика во филмовите се појавуваат на ист начин - така што скокнуваат од дрво. И тоа не било случајно.

via GIPHY

На снимањето на „Хари Потер“, тоа било негова идеја која им се допаднала и на режисерите и се нашла во филмот, а подоцна и кај снимањето на „Самрак“ се случило истото. Ако некој случајно заборавил, Седрик во „Хари Потер“ се појавува во четвртото продолжение, и за првпат го гледаме кога тој и неговиот татко се придржуваат на Визли на „Quidditch World Cup“. Исто има прво вистинско претставување во „Самрак“ кога се открива дека Бела е во шумата. Иако и претходно сме го гледале во овој филм, ова е сцената каде тој ѝ открива што е и зошто тоа се смета за негова прва презентација.

via GIPHY

Зошто толку драматично појавување? Роберт нема причина, едноставно така се чувствувал. Ќе го повтори ли тоа и во „Бетмен“? Кој знае! Со Роберт изгледа дека сѐ е можно.

фото: Imdb / Screenshot
Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: