Роберт Патисон морал да носи високи потпетици на снимањето на Бетмен: Што друго треба да знаете за суперхеројот?

Роберт Патисон морал да носи високи потпетици на снимањето на Бетмен: Што друго треба да знаете за суперхеројот?

Објавена во: Stars // Филм

Кога во светот одекна веста дека новиот Бетмен ќе биде Роберт Патисон, мислењата беа поделени. Некои го пофалија изборот, објаснувајќи дека тоа е иновативен и свеж пристап, додека други имаа негативни реакција, особено по изјавата на Роберт дека нема да тренира за оваа улога.

Значително поситен од неговиот претходник Бен Афлек, Роберт на многумина не би им бил првиот избор за улогата на херојот кој порано го глумеа Кристијан Бал и Џорџ Клуни, кои беа на специфични режими на исхрана и тренинзи за да го достигнат посакуваниот изглед.

# Роберт во високи потпетици

Иако беше јасен дека нема да има драстична трансформација, студиото имало друга намера, а тоа било да му зголеми висината. Иако со неговата висина од 184 сантиметри е третиот највисок Бетмен, костимографот одлучи Роберт да носи патики на платформа, со цел да биде на слична висина како Афлек, кој е висок околу 190 сантиметри.

Првите денови за време на вежбањето на сцените и во текот на изборот на улогата, Роберт бил принуден да носи високи потпетици.

„За време на аудицијата на Зои Кравиц, иако камерата не ме снимаше, морав да носам патики на платформа. Имав напади на паника, барав емотивна поддршка од Зои, која се трудеше да ја добие улогата“ - раскажа тој.

Како што се испоставило на крај, сѐ завршило добро - Зои ја добила улогата, а Роберт бил ослободен од неговите високи потпетици од костимот.

# Короната и снимањето

Самото снимање за време на карантин не е лесно, често доаѓа до промена на распоредот, а во текот на ова снимање Роберт заболел од коронавирус, па поради тоа снимањето било прекинато, и иако студиото во официјалната изјава кажа дека некој некој од тимот е позитивен, се шпекулираше дека тоа е токму главниот лик.

# Мрачниот Бетмен

Една од работите која го разликува овој Бетмен е фактот дека ќе биде прикажан како лигав и донекаде лош лик. Сите обожаватели на Бетмен знаат дека тој има само едно правило - Не убивај. Режисерот Мет Ривс си поигра со идејата дкеа тоа не било со цел да се добие соодветна казна, туку затоа што тој има нагон да убива, но се бори со него.

Инспирацијата за ликот, Мат ја добил слушајќи ја Нирвана, а каков ќе биде исходот ќе дознаеме на почетокот на март, додека стриминг премиерата се очекува околу април.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: