Роден сум без раце, мајка ми ме оставила на посвојување и заминала: Дебора полесно се прилагодила на секојдневието отколку да се справи со суровите коментари
Дебора е девојка која е родена со фокомелија, ретко пореметување во кое екстремитетите не се развиваат правилно, а болеста ги погодила и нејзините раце.
Нејзината мајка веднаш ја оставила на посвојување откако се родила, додека се уште биле во болница во Русија.
-Бев посвоена од Русија и не ја знам точната причина за мојот инвалидитет. Мажена сум со мојот неверојатен сопруг Нејт, имам син Метју и куче по име Еј. Почнав да објавувам видеа за тоа каков е мојот живот како сопруга, мајка и жена со хендикеп. Се надевам дека тоа ќе ве насмее и ќе сфатите дека сите ние сме единствени и ги живееме нашите најдобри животи според нашите можности, изјавила Дебора.
Живеела во сиропиталиште четири и пол години, а потоа семејство од САД решило да ја посвои. Тие и дале сè што родителите можат да им дадат на децата. Ја сакале како свое дете и ја охрабрувале да стане независна. Таа брзо почнала да ги нарекува „мама и тато“.
-Кога имав пет-шест години, мајка ми ми рече да земам четка за коса и да си ја исчешлам косата. Брзо сфатив дека можам да ги користам стапалата наместо рацете, па затоа правам многу работи со нив денес. Ја отворам вратата, вадам шолја од шкафот, ја средувам косата - изјавила Дебора.
Полесно ѝ беше да се прилагоди на секојдневните задачи отколку да се справи со суровите коментари на другите деца. И денес слуша секакви коментари, а еден од нив бил дека личи на Т-Рекс.
Со текот на животот оваа девојка научила да не обрнува внимание на зачудените погледи и коментари. Таа решила да го едуцира светот за оваа болест, па отворила профил на Тик ток „Deborah Look No Hands“ каде покажува како се справува со секојдневните ситуации. Тој има речиси 430.000 следбеници.
@deborah.look.no.hands Woohoo! its up on YouTube! Making this video with Truly was such a cool experience!! Tom, Georgia, and Jordan were amazing to work with! Hope you guys it!! Let me know the link to the full video is up in my bio! #borndifferent #looknohands original sound - Deborah Look No Hands
-Луѓето го кажуваат тоа што сакаат да го кажат, а на вас зависи како ќе реагирате на тоа. Се трудам да имам позитивен став. Можеби еден ден дете со слична состојба ќе ги гледа видеата на Тик ток и ќе каже: „Ох, таа личи на мене“ и да знаете не е единствената – објаснила девојката.
Фото: Тик ток/ Принтскрин
Извор: www.24sata.hr