Родендени за малите принцези борци на Одделот за педијатрија во Систина: Што поскоро да заминете дома каде што ве чекаат многу подароци

Родендени за малите принцези борци на Одделот за педијатрија во Систина: Што поскоро да заминете дома каде што ве чекаат многу подароци

Објавена во: Совети // Семејство

Одделот за педијатрија на приватната болница Систина води посебна грижа за своите малечки пациенти.

Две преубави девојчиња изминативе денови добија изненадување за своите родендени.

Надиа го прослави својот 4-ти роденден како вистинска принцеза.

„Роденден како од бајка – еве вака се славеше денес во педијатрискиот стационар. Малата Надиа инспирирана од цртаниот филм „Убавицата и ѕверот“ изгледаше како вистинска убавица. Таа заедно со медицинските сестри и докторките го прослави својот 4. роденден. Насмевки на лицата, роденденска торта и желби за посета на Дизниленд. Драга Надиа, посакуваме секој ден да ти е бајка! Среќен роденден!“



Преслатката храбра Сара својот седми роденден го прослави со преубава роденденска торта, песна и насмевка на лицето.


Ви посакуваме што поскоро оздравување и заминување дома, мали и храбри убавици!

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: