Роденденска забава на плажа: Постарата внука на Каролина Гочева наполни 12 години (ФОТО)
Гордата тетка сподели фотографии од роденденската забава...
Каролина Гочева е една од познатите ѕвезди која многу ретко споделува фотографии од својот приватен живот. Го чува како „змија нозе“ и навистина се ретки ситуациите кога споделу некои приватни моменти.
Најчесто исклучок прави кога е нејзиниот сопруг во прашање, но и нејзините две внуки - Луција и Инес. Инаку, дека е поврзана со ќерките на нејзината сестра Сандра Гочева - Јерчиќ докажуваат и фотографиите на нејзиниот профил на Инстаграм.
Сега, Каролина повторно сподели фотографии од приватниот живот, поточно фотографии со нејзината прва внука Луција. Поводот беше посебен - Луци (како што пејачката ја нарекува својата внука) наполни 12 години, а гордата тетка откри каква забава ѝ организирале на првата радост во нивното семејството.
Бални во „nude“ нијанси, роденденска торта со 12 свеќички во истиот стил и забава на плажа бил изборот на оваа тинејџерка.
„Среќна 12-ка, тетина прва љубов“ - напиша македонското девојче, покрај фотографиите на кои позира прекрасната Луција.
фото: Принтскрин / Инстаграм