Роденденска забава за Давид и во Скопје: Димса и неговата сопруга за синот организираа голема прослава за 1-от роденден (ФОТО)
Роденденот најпрво го прославија во Монте Карло...
Потпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на 12 јули минатата година се оствари во улогата на татко. Неговата сопруга Соња на свет го донесе нивното прво дете - синот Давид. Тогаш среќната вест ја споделија на социјалните мрежи, а сега една година подоцна, тие организираа голема роденденска забава за нивниот наследник.
Имено, иако роденденот го одбележаа во Монте Карло, каде што беа на семејно патување, сега следуваше и роденденска забава во Скопје.
Првиот роденден на малиот Давид помина во знакот на џунглата, па така роденденската торта и сите декорации беа со многу животни, каде преовладуваа зеланата и кафената боја. За оваа пригода Соња носеше бел фустан, додека Димче беше облечен во фармерки и бела кошула.
Секако, целото внимание го имаше Давид, кој беше стилизиран од глава до петици како вистински мал џентлмен. Гордата мајка сподели и фотографија, на кој тој позира со многуте подароци кои ги добил.
фото: Притнсркин / Инстаграм