Родители на Софи не ни знаеле дека таа била на аудиција за филм!

Родители на Софи не ни знаеле дека таа била на аудиција за филм!

Објавена во: Stars // Филм

Помина скоро еден месец откако беше емитувана последната епизода од финалната сезона од прочуената серија „Game of Thrones“.

Сепак, возбудата кај обожавателите не стивнува, па така ѕвездите на оваа серија и понатаму се под будното око на јавноста. Неодамна, Софи Тарнер, која во серијата ја глуми Санса, откри еден навистина интересен податок за неа и самата серија.

„Никогаш не им кажав на родителите дека ќе одам на аудиција за „Game of Thrones“. Нина Голд која беше задолжена за кастингот, одеше од училиште во училиште во областа каде што живеам. Така, со пријателите отидов на аудиција. Отидовме бидејќи мислевме дека ќе биде забавно. Тогаш почнав да добивам телефонски повици за понатамошните проби... Родителите дознаа за тоа дури кога останав во последните 7 девојки кои се имаа пријавено за улогата на Санса“ - раскажа Софи и додаде дека нејзината мајка „откачила“ кога дознала, но дека татко и сфатил колку и било важно.

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: