Родителите те срамат во јавност: Како да се избориш со тоа?

Родителите те срамат во јавност: Како да се избориш со тоа?

Објавена во: Совети // Семејство

Те советуваме како да ги спречиш понатамошните незгодни ситуации со родителите

Големи се шансите родителите барем еднаш да ве посрамотат пред пријателите или во училиште. Но, што да направите кога имате чувство дека тоа се случува постојано?

Во продолжение ти даваме неколку совети што да направиш доколку мислиш дека твоите родители те срамат во јавноста:

# Прифатете го тоа како да не е голема работа

Без разлика дали станува збор за срамотни прекари, смешни модни комбинации или лоши шеги, родителите ќе се обидуваат да испаднат кул пред твоите пријатели, што секако значи дека најверојатно ќе те посрамат. Понекогаш едноставно морате да прифатите дека станува збор за ситница, а таа ситница никој друг освен вас не ја забележува и дека вие сте единствени кои се замарате со тоа, поради тоа најдобро ќе биде едноставно да игнорирате.

# Понекогаш го прават само она што е најдобро за вас

Родителите понекогаш инсистираат да разговараат со родителите на вашата пријателка кај која ќе спиете или ја бараат на телефон кога вие не им кревате. Веруваме дека тоа ви пречи, но запрашајте се зошто го прават тоа? Очигледно е дека се грижат за вас и не сакаат да ви се случи ништо лошо. Таа мерка на внимателност ќе се намали кога ќе пораснете, а вие мора да направите се што можете за да им докажете дека сте зрели и одговорни. Единствено така ќе ја добиете нивната доверба.

# Дефинирајте од што точно се срамите во нивните постапки

Зборуваат ли родителите за вашите приватни проблеми пред вашите пријатели или други луѓе? Можеби се срамите од фактот што родителите не ја почитуваат вашата приватност. Претеруваат ли со комплиментите пред роднините? Можеби ви е срам да бидете во центар на вниманието. Ги додаваат ли вашите пријатели на социјалните мрежи или се јавуваат на вашиот мобилен? Можеби ви е непријатно, бидејќи сметате дека преминуваат одредени граници во вашите односи со другите луѓе. Кога ќе одредите зошто некои постапки ве срамат, а некои не, полесно ќе можете да се соочите со родителите.

# Разговарајте со нив

Ваквиот разговор е најдобро да се води кога сте смирени и кога точно знаете што сакате да кажете и како. Изберете добро време, кога родителите ќе имаат доволно време да ве сослушаат. Исто така, имајте предвид дека и тие имаат чувства. Ниту еден родител не сака да слушне како го срами сопственото дете, поради тоа бидете благи и не ги обвинувајте родителите, туку предупредете ги на однесувањето кое ви пречи. На крајот, кажете им точно што сакате. Во ваквите разговори важно е да бидете директни за родителите точно да знаат кое однесување треба да го корегираат. Користете се со изразите како: „Можеш да ме прашаш следниот пат кога на роднините ќе сакам да им кажам нешто за мојот приватен живот?“. Така ќе остварите отворена комуникација која ќе ви помогне да бидете во контрола на сопствените родители.

Кога мајка ви или татко ви следниот пат ќе ве посрамотат, на почетокот сигурно ќе сакате бурно да реагирате, но воздржете се. Родителите попрво ќе ве сфатат сериозно доколку им се обратите со смирен тон. Исто така, со отворен разговор за таа срамотна ситуација ќе им докажете на родителите дека сте зрели и така ќе се осигурате дека тие ве слушаат и разбираат.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: