Романтичен фустан во кој сите ќе ве забележат: Анастасија Ражнатовиќ има прекрасен предлог за како да заблеската за новогодишната ноќ

Романтичен фустан во кој сите ќе ве забележат: Анастасија Ражнатовиќ има прекрасен предлог за како да заблеската за новогодишната ноќ

Објавена во: Мода // Moj стил

Романтичниот фустан на Анастасија е полн погодок доколку сакате во најлудата ноќ да изгледате нежно и заводливо!

Знаеме колку изборот на совршен фустан за новогодишната ноќ може да биде напорен, особено ако сте некој на кој секој детаљ му е важен.

Меѓутоа, некогаш не е потребно многу за да заблескате и да ги украдете сите погледи.

Вистински пример за тоа е младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ која и во наједноставните изданија изгледа како милион долари, но нејзиниот последен изглед е совршен избор за оние кои во Новата година сакаат да влезат со доза елеганција и гламур, а повторно да бидат умерени.

Имено, Анастасија е позната како голем љубител на модата, инспирација за многу девојки, а неодамна на својот Инстаграм профил сподели видео на кое ја видовме во фантастичниот миди фустан со паф ракави од тул со точки, а „heart shaped“ отворот на целата комбинација ѝ даде доза сексапил.

Сето тоа, таа го надополни со впечатливото ланче со медаљон и нежните локни кои целокупниот изглед ѝ го направија уште поромантичен.

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: