Романтична приказна која ќе им се допадне на фановите на „After“: Новиот тин филм се најде помеѓу најгледаните на Нетфликс

Романтична приказна која ќе им се допадне на фановите на „After“: Новиот тин филм се најде помеѓу најгледаните на Нетфликс

Објавена во: Stars // Филм

Пристигна пред Денот на вљубените...

Доколку ви треба малку романтика во животот, на Нетфликс моментално е тренд еден филм кој може да ти помогне во тоа. Станува збро за шпански романтичен филм. Направен е по книга објавена на „Wattpad“.

Реакциите засега се поделени - на некои овој филм им е сладок и симпатичен, а на други им е „фејл“. Доколку очекуваш многу, ќе бидеш разочарана, но доколку бараш некој сладок филм кој можеш да го изгледаш со пуканки, тогаш ова е добар избор. „Through My Window“ е нова романтична филмска приказна која дојде на Нетфликс и веднаш се најде на листата најгледани филмови. Станува збор за шпански филм кој е направен по книгата на една девојка по име Ариана Годој, која својата приказна ја објавила на популарната платформа за млади писатели - Wattpad. Приказната им паднала во очи на вистинските луѓе и сега по неа се сними филм, а еве за што се работи.


Приказната ја следи девојката по име Ракел, која станува опседната со својот мистериозен сосед Арес. Толку ѝ се допаѓа што се одлучува да го освои за да се заљуби во неа. На почетокот на трејлерот, Ракел открива колку лудо и да звучи тоа, нивната приказна започнала со лозинка за Wi-Fi. Иако се соседи со години, нивните животи се спојуваат кога Ракел открива дека тој го краде Интернетот на нејзиното семејство. Почнуваат да зборуваат и помалку флертуваат. Неговото семејство не е среќно поради тоа, сите ја предупредуваат и неа, дека тој не е тип за врска и дека ќе ја искористи. Филмот помалку потсетува на „After“, што може да биде добра рбаота, со оглед на тоа колкав хит стана тој серијал.

фото: Принтскрин / Imdb

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: