Рони во леглото на заразите: Момчето од реката секој ден вади пластика
Неописливо опасна работа паѓа на малите рамења на децата кои се борат за да преживеат.
Откако Кина од минатата година не се грижи за пластичниот и електронскиот отпад од САД и Европа, отфрлената пластика ги гуши Филипините, Индонезија, Виетнам и Малезија. Ситуацијата на Филипините е хаотична - ѓубрето е насекаде, загрозувајќи го човековото здравје секој ден се повеќе, а сиромаштвото ги тера луѓето на драстични мерки.
Раниел е 13 - годишно момче кое го напуштило училиштето за да може да го издржува своето семејство. За жал, освен што нема можност да се школува, нема ни можност да работи некаде каде што здравјето нема да му биде загрозено. Имено Раниел секој ден нурка во загадените води за да собере пластичен отпад, кој потоа го продава за рециклирање.
Естеро де Витас е една од најзагадените реки во главниот град на Филипините, Манили, а поголемиот дел од отпадот го сочинуваат еднократните амбалажи кои ја уништуваат околината. Локалните деца се присилени да собираат пластика во тие загадени води со надеж дека ќе најдат пластика за рециклирање.
„Моето име е Раниел Мирадот. Имам 13 години. Кога ќе се разбудам го мијам лицето и пијам кафе. Потоа собирам ѓубре“ - рече за видеото на Би - Би - Си.
Раниел користи стара врата од фрижидер како сплав со чија помош ја пребарува реката. Шепите му се весла, а тоа започнал да го работи кога имал 8 години.
„Барам пластика која вреди пари, како и парчиња метал. Заработувам околу половина долар на ден, а доколку ми се посреќи, добивам скоро 3 долари“ - раскажа.
Понекогаш Раниел нурка во реката за да најде вреден отпад.
„Понекогаш и кога е многу валкано, морам да работам. Не можеме ништо да видиме во реката, бидејќи водата е многу матна. Поради тоа кога ќе почувствувам нешто под нозете, нуркам со затворени очи за да го извадам тоа на површината. Понекогаш се сечам поради парчињата стакло.“ - откри тој.
Напорите за да се намали количината на отпад на Филипините резултирале со намалување на количината на отпадот, но една неодамнешна студија откри дека реките се далеку од чисти, а истите се многу опасни по здравјето.
Раниел ги покажа своите рани и белези кои ги заработил нуркајќи во реката. Тој често се разболува, што не е ни чудно со оглед на заразната и смрдлива вода во која секој ден нурка.
„Кога сум болен, спијам цело попладне и не излегувам од дома. Тешко е овде да се биде дете. Дури и кога е многу валкано, морам да работам. Нема врска што да мириса, на моето семејство му требаат пари“ - објаснува момчето, чие семејство додека тој заработува на овој начин, редовно купува производи со еднократна амбалажа, што е популарна и како „pay as you go“ опција за семејството кое живее на работ на сиромаштвото. Истовремено, тоа е еден од најголемите загадувачи на водата на Филипините.