Рори Гејт е единствениот син на Бил Гејтс и наследник на империјата „Мајкрософт“: Како изгледа неговиот живот?
Сочувствителен и љубопитен - вака Мелинда го опишува својот син Рори Гејтс...
Време е да ве запознаеме со синот на Бил Гејтс, кој својот приватен живот не го споделува со јавноста, туку може да го запознаеме само низ објавите на неговите родители или сестри, со некое повремено интервју во добро избрани медиуми. Венчавката на Џенифер Гејтс и Најал Насер исто така во центарот на вниманието ги стави и нејзиниот брат и сестра, кои своето место под рефлекторите успешно го избегнуваа, а особено по разводот на нивните родители. Рори, единствениот син на Бил и Мелинда Гејтс има 22 година, приватни профили на социјалните мрежи, обожува сложувалки и е миленик на неговата мајка.
Рори е роден на 23 мај во 1999 година во Сиетл и е второ дете на Бил и Мелинда. Израснал во вилата Xanadu 2.0 заедно со своите две сестри, Џенифер, која е три години постара од него и Фиби, која е три години постара. Израснал покрај сестрите и мајка му, бидејќи неговиот татко работел и по 16 часа на ден. Со самото тоа, не е изненадувачки податокот што Рори е феминист. Неговата мајка често се фали со неговите квалитети, бидејќи тој е борец за правата на жените, а особено на темата еднаквост.
Строгото и дисциплинирано детство довело до тоа Рори својот прв мобилен телефон да го добие на 14 години, а дури и тогаш не можел да го користи кога и колку ќе посака. За ова, Бил во една прилика изјави: „Често одредувавме период од денот кога мобилните телефони не се дозволени, за да им овозможиме на децата во разумно време да одат на спиење. Имаа телефони, само ги користеа во разумни мери“.
Рори како својот татко и сестри одел во училиштето „Lakeside“ во Сиетл, а потоа дипломирал на универзитетот „Duke“, како неговата мајка. Добил диплома во полето на Компјутерско софтсверски инженеринг и економија, додека неговата образовна авантура го довела со училиштето за бизнис „Fuqua“, каде добил MBA диплома. Неговата мајка Мелинда секогаш се фали со тоа колку нејзиниот син е добар, без разлика дали станува збор за кариерата или неговата природа.
Пред пандемијата на коронавирус и вестите за најскапиот развод во историјата на светот, Бил имал планови со семејството да се пресели во Чикаго, бидејќи Рори таму запишал студии во 2018 година. И додека Бил и Мелинда се одлучиле да не ги посипуваат своите деца со пари, тоа не значи дека тие не живеат како благородници. Мелинда одлучи да го зголеми наследството на своите деца, па сега прашање е дали Рори ќе добие милиони или милијарди.
Во меѓувреме, за да му помогне на својот син да ги оствари своите амбициозни цели, Бил инвестираше во семеен дом во Чикаго, со пет спални соби. Имот се наоѓа недалеку од домот од детството на Бил. Има фасада од цигли, две тераси кои гледаат кон задниот двор и гаража за три автомобили.
Слободно можеме да кажеме дека „синот на мама“ не е баш најблескавиот опис за едно момче, но кога тоа ќе ве претвори во феминист кој разбира како функционира светот на жените, добивате џектоп. Иако моментално не е во врска, младиот Гејтс има одлична репутација благодарение на пофалбите на неговата мајка во бројни интервјуа. Во една објава на Инстаграм, објавена во 2017 година, Мелинда откри дотогаш непознати факти за нејзиниот син: „Кога е роден мојот син Рори, поминав многу време размислувајќи каква личност ќе биде и кој ќе биде кога ќе порасне. Сега, кога се наближува неговиот 18-ти роденден, го добив својот одговор. Рори е сочувствителен и љубопитен. Тој е прекрасен син и грижлив брат. Ја има наследено љубовта кон сложувалките од родителите. А, една работа поради која усм најгорда на него е фактот што Рори е феминист. Како што полека чекореше низ светот сам, се чувствувам пооптимистично, отоколку кога се работи за иднината која неговата генерација ќе ја изгради.“
Во друго интервју, мама Мелинда објави детали за инцидентот кој го вклучува и нејзиниот син, ни докажа дека синот на најбогатите филантропи на светот не подлегнува на стереотипи: „Еден спомен ми е блиску до срцето. Пред две лета, Рори и јас ја посетивме источна Африка, бевме само ние двајца, за да ја провериме работата на нашата фондација во Малавија. Додека бевме таму, се запознав со група мажи кои работат на поместување на работните норми во својата заедница. Со гордост зборуваа дека ја напуштаат традицијата делејќи ги домашните обврски со сопругите, заедно управувајќи со финансиите и со заедничкото носење на големите одлуки. Исто така, се обидоа да ги обедат другите мажи во своето село да го усвојат истиот пристап. Бев импресионирана. Помислив дека на многу начини, ова што тие мажи го прават е импресивно. Рори не се сложи со мене. Ми кажа дека смета дека спротивставувањето на неправедните норми не е ништо повеќе од она што мажите во целиот свет би требало да го прават. Ги препозна тие норми, храбоста која беше потреба да им се спротивстави. Но исто така, тој верува дека тоа е универзална одговорност и уште сега се обидува да го направи токму тоа. Поради сите овие причини, но и многу други, горда сум што тој е мој син.“
За разлика од своите сестри Џенифер, која е посветена на коњите и Фиби која сака да стане актерка, Рори сака да се посвети на своето образование и најверојатно ќе биде лидер на компанијата „Мајкрософт“ во наредните неколку години.
И додека неговото семејство тврди дека тој и понатаму се образува, бројните шпекулации докажуваат дека Рори сака да тргне по стапките на неговиот татко. Можеме да се сложиме дека со овој млад ум, иднината на компанијата „Мајкрософт“ ќе биде апсолутно неверојатна.
фото: Luxury Launches