Рос за продолжението на „Пријатели“: Луѓето навистина сакаат повторно да не видат заедно

Рос за продолжението на „Пријатели“: Луѓето навистина сакаат повторно да не видат заедно

Објавена во: Stars // Филм

Актерот и режисер Дејвид Швимер, познат по улогата на Рос Галeр во една од најпопуларните серии на светот „Пријатели“, откри детали за тоа дали оваа серија ќе доживее продолжение.

Швимер рече дека не верува дека „Пријатели“ во иднина ќе имаат нови епизоди. Тој звучеше навистина убедливо кога го изјави тоа, гостувајќи во емисијата „The Lateish Show“, во која домаќин е комичарот Мо Гилиген.

„Па не. Мислам... не. Сите мислиме исто, дека сето ова се заврши на совршен начин“ - рече актерот.

„Разбирам дека луѓето навистина сакаат повторно да не видат заедно, но таа серија се однесуваше на временски ограничен период во животот на тие ликови, помеѓу нивните 20 - ти и 30 -ти години“ - додаде Дејвид.

„Доколку би сакал да видам што тие ликови прават денес, мислам дека за тоа подобра опција би била книга отколку филм. Секој може да замисли што прават денес ликовите од серијата“ - истакна актерот.

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: