Русија го забрани Инстаграм: Инфлуенсерката липаше поради оваа одлука - сѐ сподели на социјалните мрежи

Русија го забрани Инстаграм: Инфлуенсерката липаше поради оваа одлука - сѐ сподели на социјалните мрежи

Објавена во: Мода // Moj стил

Како што наведе директорот на компанијата од Москва, тие покренале постапка против компанијата Мета, која тои зад трите најпопуларни апликации.

Како што потврди директорот на Инстаграм, Адам Мосери, Русија одлучила да ги блокира социјалните мрежи, а тоа значи дека милиони Руси ќе останат без пристап до споменатата апликација.

Во Москва е покрената постапка против компанијата Мета, во чии рамки се апликациите WhatsApp, Фејсбук и Инстаграм. Тие оваа компанија ја означија како есктремистичка организација, за која истакнаа дека наводно дозволува смртни закани против руските војници.

Мета се огласи и кажа дека со ова, Русија им го скратила користењето на Инстаграм на околу 80 милиони жители и дека оваа мерка особено ќе ги погоди инфлуенсерите.

Многумина беа прилично погодени од оваа одлука, а една инфлуенсерка своите чувства ги сподели јавно.

„Мислите дека Инстаграм ми е само извор на заработка? Инстаграм за мене е живот. Поради него се будам, со него одам да спијам веќе пет години“ - започна таа липајќи.

Додаде дека полека ѝ поминува првата фаза на тага поради забраната за користење на Инстаграм.

Таа не доби баш голема поддршка од другите, бидејќи сметаат дкеа таа нема основа да се жали во однос на тоа дека некои луѓе поради моменталната ситуација со Русија и Украина ги губат животите.

„Некста“, е платформа која објавува реалниот живот под режимот на Путин и сега напиша:

„Една од руските блогерки плаче поради укинувањето на Инстаграм. Неа не ја интересираат стотината мртви луѓе, вклучувајќи ги и нејзините следбеници. Очигледно е дека најголем проблем ѝ е што нема да може да споделува фотографии од ресторан.“

Меѓутоа, имаше и такви кои ја разбираат нејзината состојба:

„Таа не плаче бидејќи го губи Инстаграм. Таа плаче, бидејќи останува без приходи. И вие да немате друга кариера и економијата да ви е во колапс, па знаете дека не можете да најдете друга работа, а оваа што ја имате ја губите, би плачеле.“


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: