Русија ја напаѓа мојата земја - мирни луѓе во украинските градови: Евровизиската победничка стана бегалка, па си ја отвори душата
Победничката на Евровизија во 2016 година, се најде помеѓу оние кои мораа да побарат засолниште по стартот на војната во Украина. По низата потресни објави, сега се вклучи во една телевизиска емисија и не можеше да ги исконтролира емоциите.
Популарната оперска и џез пејачка, Сузана Алимовна Џамаладинова, попозната како Џамала, која во 2016 година победи на Евровизија со песната „1944“ се вбројува во оние кои станаа бегалци во првите денови од руската инвазија на Украина. Таа со својата песна ги отпеа присилните депортации на крисмките Татари од страна на Сталин, а сега и самата на некој начин ја доживеа судбината на своите предци.
Откако сподели неколку потресни објави на Инстаграм и откако успеа да побегне од Украина, Џамала сега се вклучи во живо за една телевизиска емисија.
זמרת על הכוונת | ג'מאלה, זוכת האירוויזיון האוקראינית שנמלטה מארצה בריאיון ל-@mayarachlin: אני לא מרגישה בטוחה גם עכשיו. סימנו אותי, פחדתי שאהפוך למטרה. מצפה מהקהילה הבין-לאומית שלא יהיו אדישים. מודה לאירוויזיון על ההחלטה להדיח את רוסיה מהתחרותhttps://t.co/UtIl7HqwTY#ערבערב pic.twitter.com/TKoyqMBYlm
— כאן חדשות (@kann_news) February 28, 2022
„Русија ја напаѓа мојата земја. Мирни луѓе во украинските градови. За мене ова е глупост. Потребна ни е поддршка од целиот свет. Оваа војна мора веднаш да заврши“ - кажа Џамала.
Таа раскажа дека засолниште нашла во Турција, откако во близина на нејзиниот дом во Киев ги сушнала екплозии.
„Оваа вечер стигнав во Истанбул кај сестра ми. Одлучив да го напуштам Киев, на 24 февруари вечерта, кога во близина на мојата куќа се слушнаа експлозии. Одлучивме со децата да одат во западна Украина - во Тернопил, а можеби и во Лавов. Таму поминавме една вечер во едно село со некои луѓе. Размислувавме за тоа да останеме таму и почекаме некое време за да видиме дали ситуацијата ќе се разјасни“ - кажа пејачката.
Сепак, бидејќи не можела да стигне до аеродромот во близина на Киев, Џамала заминала со децата во Истанбул.
„Немам доверба. Дури и во 2016 година, кога влегов на Евросонг со својата песна „1944“, беше поинаку. Во цела Русија се водеше голема медиумска кампања против моето семејство. Сега не се чувствувам сигурно“ - кажа Џамала.