Руско чудо од дете: Живеев на Марс, a оваа тајна ја чува Големата пирамида

Руско чудо од дете: Живеев на Марс, a оваа тајна ја чува Големата пирамида

Боришка Кипријановиќ е необично момче од Русија, кое кај руската јавност стана познато кога неговата мајка откри дека само на неколку месеци можел течно да зборува и пишува. Денес, две децении подоцна, повторно е во центарот на вниманието поради шокантните тврдења дека е „Марсовец кој повторно се родил на Земјата“.

Боришка тврди дека во претходниот живот живеел на Марс додека „не почнала војната која го уништила животот на планетата“. Неговите родители тврдат дека зборувал за вонземјанската цивилизација откако бил мало дете и покрај тоа што никогаш не му зборувале за таа тема, ниту му прикажувале слични содржини.

Приказната за младиот Русин, која одговара на сценарио од некој научно - фанасичен блокбастер, наведува дека „Боришка ја посетил Земјата додека работел како пилот на Марк и дека имал блиска врска со Египјаните“.

Младиот Русин, во чија приказна малку кој верува, вели и дека предвидел дека животот на Земјата значајно ќе се промени кога ќе се „отклучи Големата пирамида, користејќи механизам кој се наоѓа зад неговото уво“.

21 - годишното момче моментално живее во Волгоград, а неговата појава предивика големо внимание помеѓу теоретичарите на заговор кои, се разбира, веруваат во неговата приказна.

Кога го испрашувале за животот на Марс, тој им кажал дека Марсовците стареат до 35 - тата година и дека потоа се бесмртни. Сепак, како што им кажал на медиумите, „Една голема катастрофа го избришала животот на Март - нуклеарната војна“.

„Немам страв од смртта, бидејќи живееме вечно. Се случи голема катастрофа додека живеев на Марс. Луѓето како што сум јас и понатаму живеат на Марс. Изби нуклеарна војна меѓу нив. Сѐ изгоре. Само неколку од нив преживеаја. Изградија засолништа и направија нови оружја“ - рече момчете, за кое руските медиуми напишаа дека има „неверојано бујна фантазија“.

Боришка го опиша и физичкиот изглед на Марсовците и вели дека во просек се високи 215 сантиметри и дека можат да дишат јаглен - диоксид и дека моемнтално и понатаму живеат на Црвената планета, но под земјата.

Исто така, „технолошки се многу понапредни од нас и можат да патуваат дури и по другите галаксии“.

Мајката на Боришка тврди дека нејзиниот син бил во состојба да чита и пишува само на неколку месеци. До првата година ги читал насловите во весниците, а на две веќе цртал.

„Никој не го научи на ништо. Кога беше мал ќе седнеше и ќе почнеше да ни зборува факти за Марс, планетарниот систем и другите цивилизации“ - вели таа.

Дали приказната на младиот Русин е еден маркетиншки трик, последица од опседнатост со универзумот и Марс или нешто трето, проценете сами.


Извор: blic.rs


Можеби ќе ве интересира: