Руслана упати апел до Илон Маск: Наместо на Марс, ајде да ја искористиме технологијата на земјата и да ја спасиме Украина
Редовно се огласува на својот Инстаграм профил и му дава поддршка на својот народ...
Украинската пејачка Руслана, која во 2004 година победи на Евровизија, од почетокот на руската инвазија на Украина редовно се огласува на својот Инстаграм профил и му дава поддршка на својот народ.
Со последната објава му се обрати на американскиот милијардер Илон Маск, сопственикот на компанијата Тесла и му упати предизвик:
„Те предизвикувам Илон Маск да ја искористиме технологијата за Марс, но овде на земјата и да ги спасиме Украина и светот. Стани наш спасител“.