Сè сфаќа како забава: Малиот Лука од „Јужни ветар“ е син на позната српска актерка, а еве што вели за своето појавување на филмското платно

Сè сфаќа како забава: Малиот Лука од „Јужни ветар“ е син на позната српска актерка, а еве што вели за своето појавување на филмското платно

Објавена во: Stars // Филм

Малиот Милутин Јаниќ повторно се појави во улогата на малиот Лука во продолжението на „Јужни ветар“, а еве како зборува за својата улога и глумата воопшто.

Шестгодишниот Милутин потполно ја воодушеви публиката уште кога се појави во серијата „Јужни ветар“, а сега во продолжението на популарниот акционен филм уште еднаш докажа дека талентот за глума го има наследено од мајка му Неда Мацанковиќ.

Во новото остварување на Милош Аврамовиќ, „Јужни ветар: Убрзање“, малиот Милутин Јаниќ повторно се појавува во улогата на момчето Лука, поточно синот на главниот лик Мараш, кој го игра Милош Биковиќ. Иако доби еднакво силен аплауз на премиерата на филмот, како и сите останати актери, Мичко, како што го викаат родителите и блиските пријатели од милост, не го погледнал целото остварување, но не крие дека му се допаѓаат рефлекторите, сцената и секако аплаузите.

„На премиерата беше супер, најмногу ми се допадна кога се поклонував. Не го гледав филмот, бидејќи не е за деца“ - истакнува Милутин, чија мајка е познатата актерка Неда Мацанковиќ, сега Јаниќ.

Токму таа му помогнала на синот да се подготви за новата филмска улога.

„Беше многу забавно за време на снимањето, бидејќи јас ги играв игри со татко ми од филмот. Од актерите најмногу ми се допаѓаат Милош Биковиќ и Јована Стојиљковиќ, тие ми помогнаа најмногу, како и режисерот Милош Аврамовиќ“ - вели Милутин и додава дека мајка му Неда била вклучена во неговиот актерски ангажман:

„Мајка ми ми помогна да го научам текстот, така што таа и татко ми ми кажа дека сум бил одличен во филмот.“

Ваквиот впечаток го потврди и самата актерка, која истакнува дека најмногу се радува што Милутин сево ова го сфаќа како забава.

„Сè уште ова го сфаќа како забава и игра и се радува на снимањата. Овој пат во филмот имаше помала задача отколку во серијата. Има една сцена на крајот на филмот која бараше малку повеќе, па јас бев со него на снимањето, така што знам дека тоа добро го направи“ - вели Нада и открива што му суфлирала на синот додека се подготвувал за улогата:

„Јас му помагам да го совлада текстот и се трудам да го упатам на вистинскиот начин, да се опуши и игра.“

Актерите често истакнуваат дека не сакаат децата да им тргнат по истиот пат, а со оглед на тоа дека Милутин е веќе ѕвезда во актерските кругови и сите актери имаат само пофални зборови за него, Неда има еден јасен став кога е во прашање неговата уметничка иднина:

„Мојот став е дека долг пат е пред него, слушајќи ги неговите желби и потреби. Сакам да биде среќен и исполнет, со што и да се занимава“ - истакна актерката, додека Милутин имаше подготвен одговор на прашање што најмногу му се допаѓа во светот на глумата:

„Ми се допаѓа тоа што си играм. Сакам да бидам актер и каратист.“


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: