Сè започнало од нејзините шеги: Селена Гомез и Крис Еванс се заедно?
Светските медиуми не престануваат да пишуваат за тајната романса на Селена Гомез со актерот Крис Еванс, и тоа шест години откако јавно зборуваше за своите симпатии кон него.
Имено, по врската со Викенд, Селена не беше поврзувана ниту со еден маж, освен врската со Џастин Бибер, меѓутоа, како што стојат работите, изгледа дека сепак започнала врска со еден од најпосакуваните фраери на Холивуд и тоа шест години призна дека има симпатии кон него.
Гласините за тајната врска на пејачката и актерот почнаа да се вртат на почетокот на октомври, откако Крис и Селена наводно биле забележани како напуштаат ист ресторан во Лос Анџелес.
Иако двојката не е фотографирана заедно, папарацо снимките откриваат дека се наоѓале на иста локација во отприлика исто време, што ги наведе некои обожаватели да проверуваат дека дека го напуштиле ресторанот одвоено за да не предизвикаат било какви шпекулации.
Само неколку дена порано, двојката е забележана како го напушта истото студио, што излгеда само ја зацврсти теоријата на обожавателите.
Не долго откако нивните заеднички фотографии од ресторанот беа објавени на Интернет, обожавателите забележаа дека актерот почнал да ја следи Селена на Инстаграм. Ова можеби не би било толку значајно, доколку Крис на Инстаграм не следи само 20 луѓе, па е јасно дека добро размислува за тоа кој ќе следи на оваа социјална мрежа.
Да потсетиме, пред Селена и Крис за првпат да ги започнат гласините за врската, пејачката и актерка имаше признаено дека се „заљубила“ во Каметан Америка и тоа во емисијата „Live With Andy Cohen“.
„Заљубена сум во Крис Еванс. Зарем не е сладок? Многу е убав“ - кажа тогаш Селена.