Сајбер булинг не е „новото нормално“: Организацијата Girl Up со дискусија на тема со која младите се засегнати

Сајбер булинг не е „новото нормално“: Организацијата Girl Up со дискусија на тема со која младите се засегнати

Објавена во: Совети // School zone

Без сомнение,технологијата има многу придобивки, но сепак тие доаѓаат и со негативна страна во која се раѓа интернет насилството или познато како сајбер булинг.

Затоа на невладината организација „Girl Up“ организира дискусија на која ќе бидат обработени повеќе теми со кои повеќе млади се имаат сретнато и соочено во животот, но и со случаи кои беа актуелни во нашата држава. Диксусијата на тема Cyberbullying is (not) the “new normal“ ќе се одржи на 24 февруари (среда), во 19:00 часот преку платформата Зум.

„Нашата цел е да ги поттикнеме младите доколку имаат таков вид на проблеми и им е потребна помош или совет, да не се воздржуваат и отворено да зборуваат за тоа,а во меѓувреме да не дозволат да им се наруши психичката благосостојба.“ - велат од организацијата чија главна мисија е поддржувањето и зајакнувањето на деовјчињата.

Како гости на оваа дискусија се најавени Огнен Јанески, Билјана Настовска и Миа Костова. 

Доколку сакате и вие да бидете дел од истата, може да се пријавите на ОВОЈ ЛИНК.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: