„САКА ДА ГО УНИШТИ“: Бред ја тужи Џоли бидејќи направила нешто без негово знаење од што сите се згрозени

„САКА ДА ГО УНИШТИ“: Бред ја тужи Џоли бидејќи направила нешто без негово знаење од што сите се згрозени

Објавена во: Живот // Живот

Бред Пит ја тужеше поранешната сопруга Анџелина Џоли. Според обвинението, таа незаконски го продала заедничкиот имот во Франција - замокот Миравал, пренесува

"Page Six".

Според Бред Пит, поранешната сопруга не го испочитувала договорот имотoт да остане заеднички, кој го стекнале во брак во 2014 година. Тоа е профитабилна винарија.

Иако замокот во Франција беше опсесија на Бред, Анџелина Џоли го продаде на рускиот бизнисмен Јури Шефлер без негова дозвола. Во документите доставени до судот во Лос Анџелес стои дека „Џоли намерно продавала без знаење на Пит, одбивајќи да прифати дека еден дел од имотот е негов“.

„Продажбата е направена без знаење на Пит и на тој начин се занемари инвестицијата на Бред Пит“, се вели во извештајот што го пренесува "Page Six".

Замокот Миравал е голем имот со 35 соби опкружен со богата градина, фонтана, капела, мало езеро и лозје, за што Бред Пит тврди дека е негова инвестиција.

Пит и Џоли го купиле имотот во 2008 година за 28,4 милиони долари со цел да одгледуваат деца на него и да започнат бизнис. По стапувањето во брак во 2014 година, а потоа разводот во 2019 година, првичната идеја пропадна.

„Таа ги прекрши правата на личност која ги вложила своите ресурси и работа во успешен бизнис. Таа се обидува да профитира од туѓа инвестиција што не ја заслужила. Сака да го уништи“, изјавил извор близок на парот.

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: