Сака да ја заштити ќерка му: Зејн Малик одговори на обвинувањата дека ја удрил мајката на Џиџи Хадид
Неколку моменти пред „TMZ“ да ја објави веста дека Зејн Малик да ја нападне Јоланда Хадид, мајката на неговата долгогодишна девојка Џиџи Хадид, тој се огласи на Твитер во врска со целата ситуација.
„Како што сите знаете, јас сум повлечена личност и сакам да создадам сигурен свет за мојата ќерка во која ќе расте“ - започна тој, па додаде:
„Светот во кој приватните семејни работи не се изнесуваат на сцена за да ги гледаат сите. Во настојувањето да го заштитам тој свет за неа, се согласив да не ги оспорувам тврдењата кои произлегоа од конфликтот кој го имав со член од семејството на мојата партнерка, кој влезе во нашиот дом додека мојата партнерка беше отсутна пред неколку недели.“
„Ова беше и сè уште би требало да биде приватна работа, но засега изгледа дека постојат поделби и покрај моите напори да нè вратам во мирното семејно окружување кое ќе ми овозможи да го делат родителството над ќерката на начин на кој таа го заслужува, ова „протече“ во медиумите. Сепак се надевам дека ќе ги решиме поделбите настанати по острите зборови и што е уште поважно, ќе ја заштитиме нашата ќерка и ќе ѝ ја дадеме приватноста која ја заслужува“ - продолжи тој.
Малик ги отфрли обвинувањата кои ги изнеси „TMZ“ велејќи: „Одрекувам дека сум ја удрил Јоланда Хадид и поради својата ќерка одбивам да изнесам било какви детали и се надевам дека и Јоланда ќе ги преиспита своите лажни наводи и ќе се врати на приватното решавање на семејните проблеми“.
— zayn (@zaynmalik) October 28, 2021