Сакала да види што прават нејзините кучиња кога не е дома: На ова не се надевала

Сакала да види што прават нејзините кучиња кога не е дома: На ова не се надевала

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Елсви и Калеси се два разгалени англиски булдози. Иако се во крвно сродсво, овие две кучиња имаат сосема различни карактери. Но, љубовта кон гледањето телевизија е нешто што го делат. Токму поради тоа нивната сопственичка секој ден пред да излезе од дома им го остава телевизорот вклучен.

Овој пат одлучила да ја остави камерата вклучена за да дознае што прават нејзините кучиња кога таа е на работа. Изјавила дека се надевала на сосема поинакво сценарио и дека би требало сепак да го исклучи телевизорот бидејќи нејзините кучиња не се поместувале од место.

Ги изгледале сите филмови, но еден особено ги забавувал. Зошто? Затоа што главните ликови во тој филм биле куче и маче. Нивните реакции на поединечни сцени се урнебесни и сигурни сме дека гледањето на видеото ќе ви го разубави денот.


Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: