Сакала само да си ги офарба веѓите, но сè тргнало наопаку: Сега сите знаат како се решава овој проблем
Виралното видео за погрешното фарбање на веѓите стана совршена можност да се научи нешто корисно од туѓите грешки...
Во ред е да се признае дека некогаш сме направиле барем една грешка кога се во прашање третманите за разубавување. Но, велат дека на грешките се учи, па поради тоа ќе ви ја пренесеме приказната за младата Либи Андерсон, ТикТокерката која со корисниците на оваа апликација посака да сподели како ги средува нејзините веѓи.
Но, ѝ се случи несакана фатална грешка - бојата за веѓи ја остави предолго! Тоа резултураше со потемни веѓи, но и дамки кои настанале со впивањето на бојата во кожата околу веѓите. Нејзината несреќа ја имаат погледнато повеќе од 95.000 луѓе, а некои од нив ѝ дадоа корисни совети.
@libbyanderson__ when you accidentally leave the eye brow dye on too longoh no indeed
Oh No - Kreepa
Ѝ порачаа дека пред нанесувањето на бојата на веѓите, околниот дел да го намачка со вазелин за бојата да не се пресликува на кожата. Исто така, ѝ открија дека овој проблем може да се реши со мицеларна вода и чепкалки за уши, но и со помош на масло, млеко, па дури и паста за заби.
За да го избегнете овој инцидент, ви предлагаме следниот пат да си наместите тајмер или аларм со времето кое ви одговара.