Сакам да бидам испирација: Манекенка со Даунов синдром главна на ревија
Софија е првиот модел со Даунов синдром кој издоминира на Модната недела во Њујорк. Има и сопствен бренд по називот Alavett, а продава и разни модни додатоци, чанти и слично.
Порториканскиот модел, Софија Жирау, која има само 22 години неодамна прошета на Модната недела во Њујорк. Софија е родена со Даунов синдром, а ова и беше првата ревија во животот.
„Многу добро се чувствував. Сите ми ракоплескаа“ - рече Софија за странските медиуми.
Како што вели, таа си го има исполнето сонот.
„Родена сум за ова и сакам да му покажам на светот како секој модел треба да сјае“ - напиша на социјалните мрежи. Софија е првиот модел со Даунов синдром кој беше дел од Модната недела во Њујорк.
Манекенката има и сопствен бренд под називот Alavett. Продава разни модни додатоци. Желба и е еден ден да им стане инспирација на сите кои го имаат синдром.
„Јас сум професионален модел кој е подготвен да го инспирира светот“ - има напишано во описот на сопствениот Инстаграм профил.
По ревијата, бројот на обожавателите на социјалните мрежи постојано и расте. Засега ја следа околу 87.000 луѓе. Реакцијата за нејзиното прво чекорење по пистата е одлична.
„За тебе не постојат граници“ - само еден од низата коментари.