„Сакам да се чувстувам како вистинска жена, што е тука погрешно?“: Популарната пејачка Били Ајлиш ги нарече „Идиоти“ оние кои ја критикуваа
Една од најпопуларните
пејачки во светот од помладата генерација Били Ајлиш, деновиве на својот
инстаграм профил објавни неколку пораки кои брзо ги повлече а во кој со погрдни
зборови се обрати на оние кои ја критикуваа за промената на стилот.
-Идиоти, не се продадов, само сакам да се чувствувам како жена, гласеше една од пораките на Били, кои по кратко ги избриша.
Инаку, уште на поччетокот на кариерата Били стана препознатлива по тоа што се облекува како момче. Па откако неодамна се појави во неколку женствени изданија, дежурните критичари веднаш ја нападнаа дека се „продала“, поточно го променила стилот поради кариерата, што пејачката децидно го демантираше.