Сакаш да ја оставиш косата да ти порасне: Како да го избегнеш пукањето на врвовите?
Секоја девојка која сака долга коса мора да знае дека тоа бара и редовно кратење на врвовите. Освен што на косата и даваат нездрав изглед, испуканите врвови го отежнуваат и нејзиното обликување, но и го успоруваат растот. Но, постојат неколку едноставни трикови со кои можеш да го избегнеш пукањето на врвовите и да ја одложиш посетата кај твојот стилист за коса, а воедно да ја оставиш твојата коса да расте.
# Заштити ја косата од топлина
Фенот, пеглата и фигарото се одлични за да ја добиеш посакуваната фризура, но не се пријатели на твојата коса. Високата температура го оштетува косата и го забрзува пукањето на врвовите, па затоа е исклучително важно да се нанесе производ за заштита од топлината, пред да ја изложите косата на топлина.
# Користете масло кое негува
Врвовите се најстарите делови од твојата коса, па со самото тоа се најмногу суви. Затоа, покрај регенераторот и маската, потребна е дополнителна нега за да го спречите нивното пукање. Во тоа ќе ти помогнат маслата за нега, кои ја штитат косата од влијанијата, за разлика од препаратите на база на силикон, продираат длабоко во влакната и не го измазнуваат сами површинскиот слој на косата.
# Најди квалитетна четка за коса
Неквалитетната четка за коса, исто така може да го забрза пикањето на врвовите. Секој гризер ќе ти препорача, наместо во пластична или метална, да вложиш пари во квалитетна четка направена од природни материјали, која нема дополнително да ја оштети косата за време на чешлањето. Исто така, избегнувај го чешлањето на косата додека е мокра или влажна, бидејќи врвовите тогаш се најподлежни на пукање.