Сакаш да носиш фустани, но ти се јавува овој проблем секое лето: Постои решение и за триењето на нозете

Сакаш да носиш фустани, но ти се јавува овој проблем секое лето: Постои решение и за триењето на нозете

Објавена во: Мода // Moj стил

Веројатно нема полошо чувство од она кога за време во лето поради триење на нозете ќе добиеме црвенило...

Но, не грижете се има решение за овој проблем, а еве што може да ви помогне:

# Дезодоранс

Дезодорансот во спреј или стик е одлично решение за спречување на црвенилото, акните и опсипот кои ги добиваме со триење на нозете. Доволно е да се нанесува на секои 3 до 4 часа на пределот каде што имате триење и бидете сигурни дека ќе немате црвенила или пецкање.

# Пудра за бебиња

Бебешката пудра е добро решение, но не трае како другите препрарати. Прашокот треба да се нанесува на секој еден час, бидејќи не е доволно мрсен за да трае долго, а потта го брише. Меѓутоа, ако во моментот немате друго решение, бебешката пудра е одлично решение.

# Вазелин

Вазелинот можеби е најдоброто решение кај триењето на нозете, бидејќи е најмрсен од сите други препарати. Освен неговата тешка и маска текстура која може да ја одржи кожата мрсна дури и до 6 часа, тој помага и кај заздравувањето на веќе постоечките рани предизвикање од триењето.

фото: Look Studio / Shutterstock

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: