Сакате турски серии: 7 предлози за што да погледнете следно (ВИДЕО)

Сакате турски серии: 7 предлози за што да погледнете следно (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Филм

Ако обожавате да гледате турски серии, моментално се наоѓате на вистинското место, бидејќи во продолжение ви носиме листа од неколку турски серии кои излегоа оваа година и кои дефинитивно вреди да ги изгледате.

# Gül Masalı

Оваа серија ја следи скромната девојка Гонџа, која останува без работа во Истанбул и станува по малку очајна поради тоа. Но, набрзо добива повик во кој дознава дека една жена од селото на мајка ѝ ѝ го остава целиот свој имот, но под услов Гонџа да замине да живее таму и да се грижи за тој имот цели две години.


# Seversin 

Сценариото на оваа симпатична комедија го следи замислениот актер Толга на врвот на неговата популарност и вработена во трговрски центар, Асија, која има семејство преполно со проблеми, но и помлада сестра која е „луда“ по Толга.

Асија кон Толга чувствува одбивност, но по игра на случајноста ќе изгледа дека таа е негова обожавателка која го следи во чекор. Во еден момент камерите ги уловуваат како се караат и сите почнуваат да претпоставуваат дека Асија е новата ѕвезда во серијата во која глуми Толга.


# Senden Daha Güzel

Сценариото на оваа серија е фокусирано на најпознатата и најуспешната клиника за естетска хирургија во Турција. Двата деловни партнери кои ја водат клиниката сакаат да се повлечат и водството им го оставаат на своите деца, Ефсун и Емир, но пред тоа сакаат да видат дали тие двајца се способни заедно да соработуваат, договараат и на крајот од денот, да остварат напредок на заедничката компанија.

Секако, на прв поглед изгледа дека Емир и Ефсун се два потполно различни света и дека клиниката е осудена на пропаст.


# Duy Beni

Оваа серија следи група тинејџери во елитното училиште Догру. Најпопуларни ученици се Мелиса и Канат кои најмногу уживаат во малтретирањето на оние кои, од некоја причина, не им се допаѓаат.

Од друга страна, во скромното соседство живеат Еким и Лејла на кои животот им се срушил за секунда, кога на Лејла налетал скапоцен автомобил поради кој останала во инвалидска количка.

Секако, истрагата ги води во ова елитно училиште кое сето тоа се обидува да се скрие.


# Ah Nerede

Оваа серија ги следи тројцата браќа кои имотните родители ги испратиле на факултет во Истанбул. Но, сите тројца тоа воопшто не го сфаќаат сериозно, туку живеат сосема поинаков живот, кој е преполн со дрога, алкохол, коцка и раскошни забави.

На сето тоа, секој од нив околу себе има многу девојки кои се со нив само поради нивните пари.

Секако, таквиот начин на живот нема да биде со долг век, особено кога еден од браќата ќе запознае девојка која потполно ќе го освои неговото срце.


# Sevmek Zamanı

Оваа напната љубовна драма е полна со пресврти кои го следат богатиот Кеган, кој е оженет за жена, која по смртта на нивното единствено дете паѓа во депресија.

Кеган својата тага се обидува да ја прикрие така што работи по цел ден, а неговиот живот ќе доживее пресврт кога еден ден ќе ја запознае скромната и симпатична девојка Фирузе.

Оваа серија има само 5 епизоди, па е идеална ако сакате да ја изгледате во еден викенд.


# Tozluyaka 

Оваа драмтична серија следи две групи тинејџери кои посетуваат богато, елитно училиште. Секако, едните учат во тоа училиште бидејќи доаѓаат од богати семејства, додека другите се таму благодарение на стипендии.

Сите ќе доживеат пресврт во животот по една забава во која момците од елитата до смрт ќе претепаат едно сиромашно момче и ќе направат тоа да изгледа како самоубиство.

Секако, неговите пријатели веднаш ќе се посомневаат во тоа и истрагата ќе ја преземат во свои раце.


Која од овие серија едвај ќе чекате да ја погледнете?

фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: