Салма Хајек 14 години ја криеше ќерка си, а сега заедно прошетаа низ Париз: Тинејџерката го зела најдоброто од родителите

Салма Хајек 14 години ја криеше ќерка си, а сега заедно прошетаа низ Париз: Тинејџерката го зела најдоброто од родителите

Објавена во: Совети // Семејство

Пред десетина дена, за време на модната недела во Париз, на ревијата на брендот Баленсијага пристигна интересен квартет во кој сите погледи беа вперени... Имено, актерката Салма Хајек на оваа модна ревија пристигнала во придружба на нејзиниот сопруг Франсоа Анри-Пино, како и нејзината ќерка Валентина и ќерката на Франсоа Матилда. 

Францускатиот милијардер и познатата Мексиканка со години ја криеја својата ќерка Валентина од медиумите и воопшто од јавноста, па нејзините фотографии, без разлика дали се на социјалните мрежи, или од папарацо, можеа да се избројат на прсти од едната рака. 

Но, во последните неколку месеци ситуацијата очигледно се промени, бидејќи 14-годишната Валентина сè повеќе им прави друштво на мајка ѝ и татко ѝ на црвениот тепих и на разни гламурозни настани.

Тинејџерката за оваа пригода избра урбана, тренди комбинација. Таа комбинираше црн плетен џемпер, кратко здолниште, интересни хулахопки со логото на брендот Balenciaga и салонки со мини потпетица.

Валентина е ниска, исто како нејзината мајка, но во лицето има неверојатен спој на Салма и Франсоа, иако многумина коментираат дека со текот на годините сè повеќе личи на нејзиниот татко. Беше интересно да се види контрастот во висината помеѓу неа и нејзината полусестра Матилда (21), која исто така беше брилијантно стилизирана во сив џинс од глава до пети.

Да потсетиме, актерката е во брак со Франсоа од 2009 година, а Валентина е единственото дете на Салма, додека тој има три деца од претходните врски. Со првата сопруга го има 24-годишниот син Франсоа и гореспоменатата 21-годишна ќерка Матилда, и 15-годишниот син Аугустин Џејмс од врската со манекенката Линда Евангелиста.

Салма често во медиумите истакнува дека нејзиниот сопруг е нежен и грижлив татко и дека ликот на Валентина го потсетува на него. Инаку, Хајек еднаш призна дека сака големо семејство, но дека не и пречело што животот имал други планови за неа.

„Отсекогаш сакав да имам многу деца, но не можев. Моето тело, за чудо, роди едно. Огромен благослов е фактот што мојот сопруг има уште три деца. Значи, јас имам четири. И тие се сите  толку различни“, рече таа.


Фото: Профимедиа

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: