Сами направете си коњско опавче како на Ариана Гранде: Нејзиниот стилист ги открива чекорите

Сами направете си коњско опавче како на Ариана Гранде: Нејзиниот стилист ги открива чекорите

Објавена во: Мода // Moj стил

Без оглед на должината на вашата коса, можете да го пробате ова...

Можеме да обидеме 1000 пати да го рекреираме, но нема да испадне толку добро како нејзиниот, ниту толку долго ќе стои без да се уништи и распадне. Сега нејзиниот стилист откри сѐ што треба да знаеме доколку сакаме да имаме коњско опавче како Ариана Гранде.

Освен одличната музика со која секогаш не воодушевува, Ариана не воодушевува и со својот изглед и стил. Откако се појави на сцената, високото коњско опавче стана нејзин заштитен знак. Залижано, високо коњско опавче, од кое ништо не испаѓа. Повремено го заменува со друг вид на опавче, како на пример половина опавче, но секогаш се враќа на добро познатата фирузра. Стилистот Џош Лај стана нејзин фризер во 2015 година и е заслужен за тоа што фризурата секогаш ѝ стои совршено. Ова е идеална фризура за девојки и затоа Ариана сѐ уште се држи до неа. Лесно е да се направи, не трае со часови и часови и нема да изгледате лошо дури и ако не ја измиете косата еден ден. Всушност, она што Џош го напоменува е кога се прави вакво високо опавче, најдобро е косата да не се мие, бидејќи природните масла што се создаваат ќе помогнат да се изедначи подобро. Доброто опавче ќе направи вашето лице да изгледа подобро. И тогаш зошто да не се обидеме да ја направиме „вистинската работа“, опавче какво што носи Ариана? Џош Лај ги сподели чекорите за подобро да се направи. Важно е какви производи се користат, но и како ќе се позиционира опавчето.

# 1 чекор

Сите оние кои немаат рамна коса, би требало прво да ја испеглаат. Мора да биде рамна и добро исчешлана. Посебно треба да се обрне внимание на корените на косата, бидејќи за овој дел од косата посебно е важно да биде рамен. Доколку го правиш тоа со пегла, немој да заборавиш да користиш спреј кој ќе ја заштити твојата коса од топлината.

# 2 чекор

Кога ќе ти биде права косата и добро исчешлана, време е за врзување на опавчето. Соберија косата, овде е важно добро да го позиционираш опавчето. Не мора да биде прецврство заврзано, само е важно да бидеш задоволнна од позицијата. Кога ќе го направиш тоа, потребно е добро да ја измазниш косата. Зависно од тоа што користиш, гел или лак, користи го тоа. За сѐ да изгледа добро измазнето, Џош советува неместо со раце, косата да ја измазниш со мал чешел. Освен косата на глава, измазни го и опавчето, да нема прамени кои ќе летаат на сите страни.

# 3 чекор

Овој чекор можеби нема да има смисла, но Џош опавчето го прави вака, а кои сме ние да не го послушаме. Сега тргни го ластикот за коса. Земи добра четка за коса и сѐ уште еднаш добро измазни, од корените до врвовите. Мазнењето на косата е нешто што ќе го направиш за 3 секунди, но ти земи се време и рамни и мазни додека не дојдеш до совршенство, а овде навистина треба трпение. Доколку е потребно, можеш да додадеш уште производи за коса.

# 4 чекор

Сега доаѓа еден од најважните делови: ластикот за коса. Погрешното ластиче ќе го уништи целиот труд и сѐ до овој чекор ќе биде залудно. Ти треба цврство ластиче за коса кое добро се растегнува, но и за кое ќе знаеш дека ќе издржи цел ден, бидејќи нема поправка. Лошо ластиче ќе направи опавчето да ти се обеси, а косата од главата да почне да се растура... Тој пред да го стави ластичето два пати го мота околу рака и дури потоа го врзува опавчето. Кога е на опавчето, го мота уште толку пати колку што е потребно. Цело време има на ум дека сѐ мора да биде цврство. Тој ластичето обично околу косата го мота 8 пати. Доколку сакаш опавчето да ти изгледа поголемо, можеш да додадеш уште едно или две ластичиња врз првото.

# 5 чекор

Во последниот чекор е важно да додадеш волумен на опавчето. Тоа може да ти успее со помош на шампон за суво миење или лак за коса. Кога на косата ќе го ставиш производот кој го користиш, почни лесно да тапираш од крајот кон врвот. Кога ќе дојдеш до врвот на опавчето, доколку си задоволна со изгледот, уште малце зацементирај и лесно со четката помини по горниот слој на косата која виси од опавчето, за да израмниш сѐ, без да го уништиш волуменот кој го имаш создадено.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: