Само 1 процент од луѓето во светот се како него: Четиригодишниот Реља е гениј и има коефициент на интелигенција 159
Реља припаѓа на 1 процент генијалци во целиот свет
Статистиката вели дека вистинските генијалци се неверојатно малку. Само 1 процент од луѓето во целиот свет можат да се пофалат со коефициент на интелигенција над 140 и само тие официјално ја носат титулата гениј.
Дали знаете дека еден таков човек живее во Србија, има само 4 години и се вика Реља? Тој живее во Нови Бановци, а новинарите на Српски Телеграф, го посетија во неговиот дом самите да се уверат во неверојатните способности на едно момче кое до пред само две годиниа беше бебе. На само две години научи да чита и пишува, а сега додава, одзема, множи на српски и англиски јазик, ги знае сите главни градови и многу повеќе.
Слушавме како сите одговори излегоа од тоа мало главче точни како од шега, како да има дигитрон или некаква енциклопедија во главата.
Приказната на новиарот за малиот гениј ви ја пренесуваме во целост:
- По пристигнувањето не пречека весело и возбудено дете кое не шармираше со својата енергија и со кое поминавме нешто повеќе од еден час. За тој краток период успеа да ни покаже само дел од она што го знае. Малку плашлив и исплашен од камерата, одговори само на неколку прашања поставени од неговиот татко Драженко. За нив тоа е „дневна рутина“, но всушност вистинска забава во која Реља ужива и која настанува спонтано. Како што ни објасни тато, без разлика дали се во лекарска чекална, на прошетка или гледаат телевизија, Реља му чита се пред очи.
„Секојдневно одиме на прошетка и Реља сака да чита имиња на улици. Тој е прилично среќно дете. Првенствено сака да игра, но сака и да учи. Неговиот мозок постојано бара некаков напредок. Сега е на таа возраст кога е немирен, но добро е“ ја започнува приказната тато за Телеграф.рс.
Веднаш се виде дека е понапреден од неговите врсници. Имал само една година и осум месеци кога почнал да препознава бројки и букви, а на две години веќе почнал да чита.
„Моравме да го следиме во градинка бидејќи неговите воспитувачки забележаа дека е надарен и малку подобар. Кога отидовме на неговиот прв систематски преглед, психолозите открија дека Реља е многу интелигентен. Неговиот коефициент на интелигенција е 159 “ вели Драженко Ивановиќ.
Малиот генијалец чита и слогови на англиски, брои и на мајчин и на странски јазик, малиот има фотографска меморија.
„Секој ден ме изненадува со некои негови прашања, некои од неговите одговори. Има некои земји во светот и некои престолнини на тие земји што ги научив од него – вели тато, кој вели дека најмногу го интересира географијата и математиката“
- Реља прво се интересирал за галаксијата, прво ги научил планетите, па бројките, па научил да чита, а потоа почнал сето тоа да го преведува од англиски на српски. Сега најмногу се занимава со географија и во последно време ги разгледува земјите од светот, а деновиве дознава за Америка и нивните земји и им ги набројува.
Драженко не крие колку е горд на своето дете, а тој и неговата сопруга посветено работат со синот и го водат на вистинскиот пат.
„Реља е дефинитивно дете со барања и треба да се работи со него, треба да се биде присутен со него затоа што има некои свои прашања кои обичните деца не ги поставуваат“ заклучува гордиот татко.
Видото за малиот Реља может да го погледнете ОВДЕ.
Извор: Telegraf.rs