Само би сакал да имам семејство: 9-годишно момче им ги скрши срцата на илјадници луѓе (ВИДЕО)
Деветгодишно момче од Оклахома ги скрши срцата на илјадници луѓе кога на гледачите во една неодамнешна емисија им порача дека би сакал да има семејство: „Се надевам дека некој од вас ќе ме избере мене“.
По емитувањето на емисијата, една агенција за згрижување во Оклахома беше преплавена со прашања од луѓе кои сакаа да му дадат на Џордан, кој е во системот за згрижување, среќен дом.
Во првите 12 часа по емитувањето на приказната, агенцијата примила 5.000 барања од луѓе низ целата земја, изјави за Today Кејси Вајт, администратор за комуникации во DHC Оклахома.
Тој само посакува да има семејство
Кога новинарот го прашал момчето кои три желби би сакал да му се исполнат, Џордан спремно одговорил: „Семејство, семејство и семејство. Посакувам само да имам семејство, да можам да викам некого мама и тато или само мама или само тато. Всушност, не ми е грижа“.
„Би можел да разговарам со некои луѓе кога и да ми треба. Се надевам дека некој од вас ќе ме избере мене“ - рече скромното момче и ги освои срцата на јавноста.
Целиот текст може да го прочитате на Женски магазин.