Само доколку лично се дружите со мене ќе знаете каква сум: Били Ајлиш откри дека сите имаме голема заблуда за неа

Само доколку лично се дружите со мене ќе знаете каква сум: Били Ајлиш откри дека сите имаме голема заблуда за неа

Објавена во: Stars // Музика

Вели дека обожавателите ова го мислат често, но немаат поим колку всушност не се во право.

Во неодамнешното интервју на еден подкаст Били зборуваше за некои интересни теми, а една која особено се издвои е заблудата која сите ја имаме за неа. Вели дека веќе премногу пати се сретнала со луѓе кои го мислат ова за неа.

Кога ги следиме познатите личности, ги гледаме нивните објави и дел од приватниот живот и ќе прочитаме сѐ што можеме за нив, имаме чувство дека ги знаеме. Има толку многу информации за нивниот живот. Били во подкастот „THR's Awards Chatter“ откри дека колку и да мислат обожавателите дека ја знаат, сите имаат една голема заблуда за неа. А, таа заблуда е дека луѓето мислат дека ја познаваат и знаат сѐ за неа. били вели дека ние воопшто не ја познаваме и дека сѐ што мислиме за неа е една голема заблуда.

Раскажа дека ѝ е јасно зошто обожавателите би можеле да мислат дека знаат каква е таа, но дека во реалноста воопшто не знаат и не може да знаат, освен ако лично не се дружат со неа, а сепак многумина немаат среќа да дојдат до блискиот круг на пријатели и познаници на Били. Затоа што се големи обожаватели имаат чувство дек аја знаат и така се однесуваат кога ќе ја сретнат некаде, а како што вели Били забораваат дека тие за неа се странци и дека всушност воопшто не знаат.

„Интернетот нема поим која сум всушност јас. И го потврдив тоа кога почнав да ги запознавам другите уметници, кои коментираа: Немав идеа дека ти си всушност таква“  - раскажа Били за тој подкаст.

Колку и да знаеш за некоја позната личност, без разлика дали е домашна или странска, освен ако лично не се дружиш со таа личност, не ја познаваш и она како таа се однесува во јавноста, не мора да биде ни приближна слика за тоа каква е вообичаено.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: