Само една ќе преовладува: Која боја ќе биде ИН оваа пролет?
Пролетта носи бои и во твојот плакар!
По тмурната зима, сите се радуваат на пролетта, сонцето, пријатната температура и шарените „аутфити“. Една боја оваа пролет ќе биде апсолутен хит, доколку им веруваме на модните експерти.
Една боја која не е толку типична за пролетта и која некако потсетува на зимата, оваа година ќе се носи во пролет. Модните експерти и предвидуваат голема популарност. Според она што го пишува „Who What Wear“, експертите за боја ја прогласија класичната сина боја, за ИН боја во 2020 година. Причината за тоа е тоа што оваа боја е многу едноставна, а воодушевува со елеганција. Она што е многу посебно за неа е тоа што прави ефект на помлад изглед.
По овие правила се водеа и дизајнерите како Boss и Balmain, кај кои токму класичната сина боја доминира во колекциите.
Инфлуенсерките оваа боја веќе ја комбинираат во своите комбинации, а за сите оние кои сакаат да бидат во тренд и да ја следат модата, добра работа е што оваа вест. Исто така веќе во продавниците за облека може да се најдат парчиња облека во оваа боја.