Само неколку дена од породувањето, Тара Симов го „одврза јазикот“: Среде приказната за раскинувањето со Данило се изјасни - „Ставив точка“

Само неколку дена од породувањето, Тара Симов го „одврза јазикот“: Среде приказната за раскинувањето со Данило се изјасни - „Ставив точка“

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Откако во медиумите се појави информација дека Тара Симов, ќерката на поранешниот голман и фудбалски тренер Горан Симов, и нејзиниот партнер Данило раскинале, за тоа проговори и поранешната учесничка во реалното шоу.

- Нема да правам ријалити од врска во која има мое дете кое го сакам како Бог и назад и така бескрајно. Кој е незрел и невнимателен нека го направи тоа. Секој што ќе ми испрати порака на оваа тема ќе биде блокиран - напиша Симова, а потоа следеше уште една објава.

-Не е важно кој коментира, сите тие се анонимни луѓе без заби. Битно е кој што придонел за мајката на неговото дете. Тука ставам точка - додаде Тара.

Да потсетиме, на Инстаграм профилот  на Данило се појави песната „Среќан пут“ на младата пејачка Бресквица и тој на англиски напиша „Чао“ со емотикон на кловн.

Исто така, се пишуваше дека двајцата повеќе не се следат од социјалните мрежи.


Инаку Тара неодамна се породи и го доби синчето Николај, а живееше заедно со својот партнер Данило во Ниш. Дали навистина ја прекинале врската или се работи за мала криза, останува да видиме.

Фото: тарасимов/инстаграм


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: