Само што излезе, а веќе е најгледан филм на Нетфликс: Многумина велат дека е најдоброто нешто што го погледнале досега
„Red Notice“ дефинитивно е филм кој треба да го погледнеш...
За овој филм се зборуваше уште од моментот кога излезе трејлерот, бидејќи гледачите веднаш беа освоени од актерите. Нетфликс не штедеше и во еден филм донесе многу познати актери и изгледа дека заврши одлична работа.
Двејн Џонсон, Рајан Рејнолдс и Гал Гадот се главни актери на новиот филски хит „Red Notice“ на Нетфликс. А, пред крајот се појавува дури и Ед Ширан. Само што излезе филмот, веќе е топ вест и соборува рекорди. За само 24 часа ја доби титулата најгледан. Го сруши и рекордот на Нетфликс и стана најгледан филм на денот на излегувањето. Очигледно е дека сите со нетрпение го очекувале.
Беше објавен во петокот, на 12 ноември, а ако некој досега го нема погледнато, очигледно е дека треба да го направи тоа. И она што е уште подобро од тоа што ги собори сите рекорди на гледаност е дека сите зборуваат колку е добар, па дури и дека е најдобриот филм што некогаш го изгледале. Тоа звучи ветувачки. Но, за што станува збор во филмот?
Приказната на филмот следи крадци на уметнички дела и агент на ФБИ кој се обидува да фати еден од нив. Бидејќи не успева во тоа, бара помош од друг крадец и заедно се обидуваат да ја пронајдат мистериозната жена која се крие зад прекарот „The Bishop“. Овој акционен филм се издвојува од другите од овој жанр. Многумина велат дкеа крајот на филмот е таков што ќе ве натера да го изгледате уште еднаш. Не може да престанат да го фалат изборот на актери, нивната глума, приказната...
фото: Imdb / Screenshot