Само за нив ова не е голем залак: Карлеуша и Гранде во исто издание кое важи за водечки тренд оваа сезона

Само за нив ова не е голем залак: Карлеуша и Гранде во исто издание кое важи за водечки тренд оваа сезона

Објавена во: Мода // Moj стил

Не е тајна дека Јелена Карлеуша е инспирација за многу ѕвезди, како домашни, така и светски. Овој пат, таа и Ариана Гранде се облечени во исти изданија од брендот „Версаче“.

Јелена Карлеуша важи за една најголемите модни икони на српската сцена, а често се случува да ја копираат и познатите светски ѕвезди.

Па така, имавме можност да ја видиме Ким Кардашијан во слични, ако не и идентични комбинации како на Јелена, како и Дуа Липа и Софија Вергара на кои пејачката им послужи како инспирација.

Сепак, овој пат светската ѕвезда Ариана Гранде беше инспирација за Јелена Карлеуша, кога е популарната моногроматска розова комбинација.

Целосниот „Версаче“ изглед во розова боја го носеше Јелена Карлеуша, додека Ариана Гранде одбра идентичен, само во жолта боја. Кроевите на фустанот и чирапите кои ја прават поврзаноста помеѓу главните парчиња од комбинацијата се идеален додаток оваа есен.

Оваа комбинација не можеше да помине без гломазни чевли, кои многу брзо станаа најпосакувани на листите на чекање на овој бренд.

Иако ваквиот колорит можеби изгледа како храбар потег и преголем залак, големите ѕвезди како Карлеуша и Ариана Гранде успеваат да го изнесат согласно својот стил.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: