Samsung Electronics освои 71 награда на International Forum Design за 2022 година

Samsung Electronics освои 71 награда на International Forum Design за 2022 година

Објавена во: После „Школо“ // PR

Доделени се 71 трофеи во девет категории, од дизајн на производи за телевизори, домашни апарати, паметни телефони, до дизајн на корисничко искуство (UX)

Samsung Electronics Co., Ltd. освои вкупно 71 награда,вклучувајќи три златни награди, на престижниот германски меѓународен натпревар за дизајн International Forum (iF) Design за 2022 година. Samsung Electronics доби златни награди за преносливиот проектор The Freestyle, мобилниот телефон Galaxy Z Flip3 и безжичната правосмукалка Bespoke Slim. Оваа година Samsung освои најмногу награди од сите 11.000 регистрирани производи од 57 земји.

Меѓународниот натпревар е снован во 1953 година како Die Gute Industrieform e.V., iF Design Award и истиот спроведува сеопфатни проценки на диференцијацијата и влијанието, меѓу другото, во вкупно девет категории - производ, пакување, комуникација, професионален концепт, внатрешна архитектура, дизајн на услуги, корисничко искуство (UX ) и кориснички интерфејс (UI).

„Важно е дизајнот да ги поврзе вредностите кои постојано се менуваат со иновативните технологии“, изјави Џинс Ким, извршен потпретседател на Центарот за корпоративен дизајн на Samsung Electronics. „Посветени сме да понудиме сеопфатно искуство кое одговара на различните барања на корисниците и го подобрува квалитетот на нашите животи.“

Трите производи кои ја освоија Златната награда се познати и докажани по својот дизајн кој нуди искуство приспособено на различните животни стилови.

The Freestyle е пренослив проектор кој може да прикаже слика со големина од 254 cm во дијагонала, во зависност од околината во која се користи, без разлика дали се наоѓа на ѕид, таван или на под, а истиот има можност за ротација од 180 степени.

Благодарение на неговиот лесен и минималистички дизајн, The Freestyle е лесно пренослив и може да се користи и внатре и на отворено, на пример во кампови. Во зависност од индивидуалниот животен стил, може да се користи и како Bluetooth звучник или амбиентална светилка која свети во различни бои.

Galaxy Z Flip3 е награден за својот легендарен и компактен дизајн, кој доаѓа со премиум карактеристики и ексклузивни способности за преклопување, обезбедувајќи сеопфатно персонализирано искуство на паметен телефон. Благодарение на неговата уникатна форма, корисниците можат да уживаат во целосното искуство кога ќе го отворат, но и во џебниот дизајн кога е преклопен. Големиот екран на капакот не само што го подобри самиот дизајн, туку и ја максимизираше функционалноста бидејќи им овозможува на корисниците да гледаат известувања и да прават фотографии дури и кога телефонот е преклопен.

Правосмукалката Bespoke Slim ја освои и Златната награда за својот едноставен дизајн кој совршено се вклопува во просторот за живеење. На овој производ е применет The Bespoke концептот, кој носи производи приспособени на различни животни стилови и вкусови, што го олеснува процесот на чистење - од складирање на производот до отстранување на прашината.

Вкупно 71 награда, од производи до UX дизајн, вклучувајќи телевизори, апарати за домаќинство и паметни телефони

Samsung Electronics освои најмногу награди, вкупно 71, во сите категории на iF Design Awards за 2022 година, вклучувајќи ги категориите производи и кориснички интерфејс (UI).

Покрај трите златни награди, во категоријата производи беа доделени и Neo QLED 8K, Bespoke фрижидерот со француски врати и слушалките Galaxy Buds2.

За извонреден дизајн беше награден новиот интерфејс One UI 4, за паметни телефони Galaxy што им овозможува на корисниците да ги приспособат своите уреди, како и програмата Galaxy Upcycling at Home, која овозможува креирање на паметен дом со рециклирање на неискористените телефони Galaxy на домашните IoT уреди. .

За Samsung Electronics Co., Ltd.

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со идеи и технологии кои носат трансформација. Компанијата го редефинира светот на телевизори, паметни телефони, уреди за носење, таблети, дигитални уреди, мрежни системи и меморија, LSI системи, лиени и LED решенија. За најновите вести посетете го линкот https://news.samsung.com

* ПР - објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: