Samsung Galaxy Note20 серијата достапна во Македонија Galaxy Buds и Tab S7+ од утре во продажба

Samsung Galaxy Note20 серијата достапна во Македонија Galaxy Buds и Tab S7+ од утре во продажба

Објавена во: После „Школо“ // PR

Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd.го најави почетокот на официјалната продажба на двата нови флег шип телефони од Galaxy Note20 серијата на домашниот пазар. Продажбата почнува утре, 21. август, по препорачаните малопродажни цени од 56.999 МКД за Galaxy Note20 и од 71.999 МКД за Galaxy Note20 Ultra. Galaxy Note20 Ultra ќе биде достапен во мистично бронзена, црна и бела, додека Note20 моделот ќе биде достапен во мистично бронзена, зелена и сива боја.

Покрај новата Galaxy Note20 серија,утре почнува продажбата на новиот Samsung Galaxy Tab S7 и S7+ таблет, како и иновативните Galaxy Buds Live безжични слушалки, кои што одлично се дополнуваат со новата Note серија на паметни телефони.

Galaxy Note серијата отсекогаш била симбол на врвни перформанси, продуктивност и забава, додека новата серија е најмоќна досега. Овие уреди ги имаат сите карактеристики на компјутер и им овозможуваат на корисниците да уживаат во креирањето на фотографии и видео содржини, но и во гејмингот, како вистински професионалци.

„Од настанувањето на серијата, Galaxy Note паметните телефони претставуваат моќен спој на врвни перформанси и елегантен дизајн.Galaxy Note20 и Note20 Ultra носат опции, кои ќе ги задоволат потребите и на најпребирливите корисници“, изјави Милан Вујовиќ, директор на одделот за рекламирање и корпоративна комуникација во компанијата Samsung Electronics.

Традиционалното S Pen пенкало доаѓа со унапредени перформанси, со Samsung Notesкоја автоматски ги конвертира рачно напишаните белешки на корисникот во дигитален документ во различни формати, како што се Word или PDF. Едноставноста на поврзувањето на Note20 серијата со други уреди, им овозможува на корисниците со леснотија да ги преправаат своите белешки или да ги споделуваат на своите таблети и компјутери.




Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: