Samsung Galaxy Note20 Ultra - Следното нормално во врвната мобилна технологија

Samsung Galaxy Note20 Ultra - Следното нормално во врвната мобилна технологија

Објавена во: После „Школо“ // PR

Samsung Mobile покажа висок степен на прилагодување на новата ситуација со пандемијата ја корона вирусот и новите потреби и предизвици со кои се соочуваат корисниците.

Затоа неодамна на Galaxy Unpacked го претстави следното нормално преку новиот екосистем предводен од супер моќниот Galaxy Note20 Ultra.

Овој екосистем, надополнет со таблетот Galaxy Tab S7 | S7+, смарт часовникот Galaxy Watch3, безжичните слушалки Galaxy Buds Live и уникатниот и иновативен смартфон на преклоп Galaxy Z Fold2, е вистински одговор на сè поголемата потреба на корисниците од ефикасни мобилни уреди.

Со нив е овозможено полесно да се работи од дома или надвор од работното место, да се имаат на еден допир на екранот на мобилниот сите десктоп функции за брзо и ефикасно завршување на работните задачи, како и непречено поврзување со колегите, претпоставените или вработените.

Новиот фаблет доаѓа во две верзии, стандардна со 6,7 инчен дисплеј и батерија со капацитет од 4300 mAh и една напредна Galaxy Note20 Ultra верзија со 6,9 инчен дисплеј и батерија со капацитет од 4500 mAh.

Главните адути на Galaxy Note20 Ultra е што има стапка на освежување на екранот од 120 Hz, што овозможува брзи реакции и пренос на информации на содржината при мобилен гејминг.

Хардверски Galaxy Note20 Ultra е совршен со осум-јадрен процесор од најнова генерација, има супер брзо полнење на батеријата од 25W, кое полни над 50% од капацитетот за само половина час. Тоа значи дека ќе имате молневити перформанси, како и супер издржлива батерија за долготраен гејминг или пак конференциски интернет повици и работа од далечина.

S Pen функционалното пенкалце на Galaxy Note20 Ultra овозможува тоа што ќе го напишете да го претвори во прегледен ракопис, самиот запис веднаш да го уредите во Word или PowerPoint документ, да правите цртежи и белешки, напредни команди и управување на смартфонот со огромна прецизност.

Најмоќниот фаблет Samsung Galaxy Note20 Ultra нуди и импресивна главна камера, може да снима 8K FHD видеа, има три сензори на задната страна со широко-аголна камера од 108 мегапиксели, ултра широка камера од 12 мегапиксели и телефото камера од 12 мегапиксели, како и ласерски сензор за автофокус и секако силен блиц за ноќни сцени.

Со менување на ефектите на фокусот може да правите и фантастични портрети, да снимате видеа со професионален квалитет на звукот, како и да ги монтирате со леснотија.

Селфи камерата исто така ќе ве воодушеви со 10 мегапиксели и широк опфат на леќата за идеални фотки од вас и вашите блиски за социјалните мрежи.

Galaxy Note20 Ultra на македонскиот пазар е достапен во мистично бронзена, црна и бела боја на маската, кои дизајнерски изгледаат прекрасно, додека Note20 моделот ќе биде достапен во мистично бронзена, зелена и сива боја.

Новите модели може да ги најдете во Македонија со препорачаните малопродажни цени од 56.999 денари за Galaxy Note20 и од 71.999 денари за Galaxy Note20 Ultra.


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: