Samsung ја претставува SmartThings Find, новиот начин за брзо и едноставно лоцирање на Galaxy уредите
Компанијата Samsung Electronics ја воведе SmartThings Find[1], новата услуга која што помага во брзо и едноставно лоцирање на Galaxy уредите.[2]По пријавувањето на шест милиони корисници низ Кореја, Велика Британија и САД за ран пристап на сервисот, SmartThings Find е подготвен за глобално лансирање на уредите Android 8 или со понов оперативен систем. Овој сервис се потпира на Bluetooth Low Energy (BLE)[3]иUltra-Wideband (UWB)[4]технологија за да им помогне на корисниците да го пронајдат својот Galaxy паметен телефон, таблет, часовник или слушалки.
“Со употребата на најновата BLE и UWB технологија, SmartThings Find ги прави животите на корисниците помалку стресни кога се работи за барањето на изгубениот Galaxy уред,“ изјавиJaeyeon Jung, директор на тимот SmartThings и потпретседател на одделението за мобилна комуникација на компанијата Samsung Electronics. “Со дополнителната предност од користењето на AR[5] технологијата, комбинирана со мапи и звуци, SmartThings Find е едноставно визуелно решение за лесно лоцирање на уредот, и претставува само еден пример од значајните мобилни искуства кои UWB технологијата им ја носи на корисниците низ целиот свет.“
Полесно до изгубениот уред
По брзата регистрација, корисниците на SmartThings со леснотија можат да ги пронаоѓаат своите Galaxy уреди. Без разлика дали нивниот Galaxy Note20 Ultra се изгубил зад софата, не можат да се сетат каде ги оставиле своите Galaxy Buds Live или Galaxy Watch3, SmartThings Find сервисот ќе им помогне на корисниците да ги пронајдат.
Поврзан и во offline режим
СоSmartThings Find сервисот,изгубените Galaxy уреди е можно да ги најдете дури и кога не сте поврзани на интернет [6]. На корисниците на SmartThings на располагање им се безбедносни опции кои ќе им помогнат на другите да ги пронајдат изгубените уреди.Кога е Galaxy уредот без интернет поврзување од 30 минути, почнува да емитува BLE сигнал кој може да го прими било кој памете телефон или таблет во близина. Доколку корисникот по пат на SmartThings Find го пријави својот уред како изгубен, блиските Galaxy уреди ќе го детектираат и ќе го известат SmartThings серверот за неговата локација, а потоа и самиот корисник кој го бара. Сите кориснички податоци на SmartThings Find се криптирани и безбедно чувани, осигурувајќи дека локацијата на уредот не се открива никому, освен на сопственикот.
Пронајдете го вашиот Galaxy уред побрзо, со детални упатства
Лоцирањето на изгубените уреди е едноставно со јасни насоки до локацијата и можност за активирање на ѕвонење на уредот за да може корисникот да го најде што е можно побрзо. Кога телефонот ќе се изгуби, потребно е само да го отворите SmartThings Find на друг телефон или таблет и да го изберете уредот што го барате. Веднаш ќе се прикаже точната локација на изгубениот уред на мапата.Кога корисникот е во близина, може да избере уредот да ѕвони или да го лоцира користејќи ја функцијата Search Nearby базирана на AR технологија 6, која што преку разнобојно прикажување ја покажува на корисникот близината на уредот.
Достапност
Ново софтверско ажурирање на апликацијата SmartThings за Galaxy паметните телефони и таблети со Android 8 или нов оперативен систем ќе биде достапен ширум светот од денеска. По вчитувањето на ова ажурирање, корисниците можат да пристапат до услугата SmartThings Find со допир на банерот на долниот дел на почетниот екран на апликацијата SmartThings.
"Многу сме возбудени што тесно соработуваме со водечките компании кои работат на пронаоѓање уреди, за да им овозможиме на корисниците лесно да ги лоцираат своите изгубени уреди," додаде Jaeyeon Jung.
[1] Достапноста може да варира во зависност од земјата и операторот.
[2] Достапно на Galaxy паметните телефони и таблети со Android 8 или понов оперативен систем, на Galaxy Watch уредите со Tizen 5.5 или понов, и Galaxy Buds+ и Galaxy Buds Live.
[3] BLE опцијата за наоѓање на уредот е достапна на Galaxy паметните телефони и таблети со Android 8 или понов оперативен систем, наGalaxy Watch уредите со Tizen 5.5 или понов, и Galaxy Buds+ и Galaxy Buds Live.
[4] UWB опцијата е достапна на Galaxy Note20 Ultra и Galaxy Z Fold2.
[5] Достапно само на уредите со UWB поддршка.
[6] Уредот е “offline” кога не е поврзан со мобилната интернет мрежа, или во случај на пренослив Galaxy уред, кога не е поврзан со Galaxy паметен телефон.
ПР објава