Samsung “Life Unstoppable:the house of surprises”: Сеопфатно виртуелно искуство за спознавање на моќта на уредите поврзани во екосистем

Samsung “Life Unstoppable:the house of surprises”: Сеопфатно виртуелно искуство за спознавање на моќта на уредите поврзани во екосистем

Објавена во: После „Школо“ // PR

Новото поглавје од проектот „Life Unstoppable“ и турнејата „house of surprises“ носи уникатно искуство, многу забава, интересен наратив и несекојдневно запoзнавање со производите и иновациите на Samsung

Компанијата Samsung го претстави проектот „Life Unstoppable 2021“ и необичната виртуелна турнеја низ куќата на изненадувања („house of surprises“) преку живописен и стилизиран краток филм.

Во изминатите 18 месеци, нашите домови станаа центар на нашите животи - тие се претворија во училници, канцеларии, спортски сали, место за забава. Бидејќи поминавме многу време „помеѓу четири ѕида“, сфативме дека на овој простор му треба промена. Овогодинешната виртуелна турнеја низ куќата на изненадувања има за цел да ги инспирира сите оние кои сакаат да внесат иновации во својот дом, благодарение на производите што го прават животот полн со изненадувања и уживање. 

„Life Unstoppable: house of surprises“, го следи семејството, составено од различни карактери, преку нивниот шарен дом и покажува како Samsung екосистемот им овозможува да ја откријат својата внатрешна креативност и страст и да се уверат дека животот е незапирлив. 

„Life Unstoppable: house of surprises“ е единствен краток игран бренд филм, преку кој се прикажува спој на технологија и секојдневие, и кој носи единствена инспирација. Виртуелната турнеја низ куќата на изненадувања посетува шест различни простории каде што активностите на членовите на виртуелното семејство го покажуваат потенцијалот и моќта за поврзување на производите на Samsung и создаваат чувство на радост и инспирација во домот - од ротирање и преклопување мобилни екрани до совршени телевизори, кои ви го одземаат здивот, до иновации за домашни апарати кои ве тераат да ги засакате и оние домашни работи кои претходно вешто сте ги одбегнувале. 

„Иновациите на компанијата Samsung секогаш ги надминува очекувањата на нашите клиенти. Од телефони со преклопување, преку телевизори што го претвораат домот во уметничка галерија, машини за перење кои штедат време, детергент и вода, а резултатот е чисти алишта побрзо од кога било досега. Виртуелната турнеја низ куќата на изненадувања е единствена можност да се покаже моќта на поврзување на нашите уреди, кои како такви носат иновации во животот на корисниците што покажуваат дека животот е незапирлив “, рече Бенџамин Браун, маркетинг директор на Samsung за Европа.

Производите и услугите на Samsung се во фокусот на живописната куќа на изненадувањата, благодарение на претставниците на брендот и членовите на виртуелното семејство „Unstoppable“ - татко кој сака салата, маjка рок sвездa, момчето Арчи кој е  „магионичар“, девојчето  Ева кое „готви“, и баба која е поранешен борач во слободен стил.

Преку обиколка на куќата и приказ на секојдневниот живот на ова семејство, гледачите се запознаваат со моќта на поврзување на производната линија на Samsung за 2021 година, што инспирира радост.

Трка за простор 

Неверојатната модуларност на „Bespoke“ фрижидерот, доаѓа до израз кога талентираната готвачка Ева останува без простор за вечерна гозба, а нејзиниот брат магионичарот неочекувано додава уште еден модул на овој уред.

Невообичаен инцидент со ледена торта 

Семејството „Unstopable“ ја става правосмукалката Samsung Bespoke Jet ™ на тест кога ледената торта на Ева прави хаос во кујната. Може ли Samsung Bespoke Jet ™ да се справи со тоа?

Во центарот на настаните 

Собраните членови на семејството поминуваат незаборавна филмска ноќ со многу забава и смеа, благодарение на проекторот The Premiere на Samsung  и Q800 Soundbar звучникот.

Тато, полковник 

Samsung Odyssey Neo G9 Gaming Monitor, му овозможува предност на тато додека го води својот тим до победа. Тој е секогаш пред конкуренцијата поради динамичниот закривен екран што му овозможува целосно да ги спроведе своите борбени планови.

Маѓепсана од музиката 

Во куќата на изненадувањата, мајката ужива во музика и танцување благодарение на Neo QLED телевизорот, кој овозможува невообичаено визуелно искуство, како и со звучникот Q950 Soundbar кој совршено се вклопува со другите Samsung QLED телевизори (моделот The Frame - со уникатни персонализирани рамки, и моделот The Serif). Сакајќи да го сподели овој магичен момент со своите пријатели, таа им се јавува на својот телефон Galaxy Z Flip3 да и се придружат преку функцијата Google Duo.

Рокенрол супер ѕвезда 

Bespoke AirDresser и дозволува на мајката да ја исчисти омилената рокерска јакна со пареа, па затоа е подготвена за специјален изненадувачки гостин кој доаѓа да го посети семејството подоцна истата вечер.

Bespoke AirDresser штотуку е претставен низ целиот свет и нуди прилагодлив дизајн со напредни карактеристики како што се сушење и контрола врз основа на вештачка интелигенција што го персонализираат вашето искуство. Bespoke AirDresser беше прикажан во куќата на изненадувањата, заедно со други напредни иновации, вклучувајќи:

• Bespoke Jet ™, врвна безжична правосмукалка достапна во различни бои со сеопфатен автоматски систем за празнење прашина и полнење на батеријата.

• Bespoke Jet Bot™ AI+, напредна правосмукалка која препознава предмети и се прилагодува на различни површини за оптимизирано вшмукување . Корисниците можат да го гледаат својот дом преку видео пренос во живо, додека хигиенскиот уред Clean Station автоматски ја празни вреќата за прашина без да ја допира и чисти нечистотија и микро прашината  благодарение на повеќеслојниот филтер систем. 

Второто издание на „Life Unstoppable“ ги спојува практичното и забавното и носи интерактивно дигитално искуство, кое ги комбинира филмските и дигиталните техники и ги поставува гледачите во центарот на приказната. Дополнителните интерактивни нивоа им овозможуваат на гостите да се вклучат во филм во реално време и на тој начин да создадат уникатно и револуционерно искуство кое ја користи технологијата на креативен начин.

Откријте ги скриените таленти на ова интересно семејство и запознајте го најновиот екосистем на производи на Samsung преку необичната виртуелна турнеја „Life Unstoppable: house of surprises“, од 18 октомври во 11:00 часот на страната

https://www.samsung.com/uk/explore/experiences/life-unstoppable-2021/

* ПР - објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: