Samsung на SDC21 конференцијата презентираше решенија за нова ера на мрежно искуство
Програмерите, креативците и дизајнерите истражуваа нови начини за развој на растечките екосистеми на Samsung.
Компанијата Samsung одржа онлајн конференција (SDC21), на која им претстави на корисниците, програмерите и партнерите низа услуги и производи за дизајнирање и создавањена совршено искуство кое лесно се интегрира во денешниот начин на живот.
За време на настанот, Samsung особено го истакна својот пристап кон иновациите насочен кон корисниците. Компанијата покажа како напредокот во вештачката интелигенција (VI), Интернетот на нештата (IoT) и безбедноста, се рефлектираат во целата палета на Samsung со цел да се создадат искуства кои се вклопуваат во модерниот начин на живот, и на тој начин означи нова ера на поврзување и соработка.
„Горди сме на нашите иновативни напори во соработка со заедницата на креативни програмери“, рече DJ Кох, претседател и извршен директор на Одделот за ИТ и мобилни комуникации на Samsung Electronics. „Со оглед на тоа што општеството станува се повеќе поврзано преку нови алатки и уреди, сакаме да им го направиме животот на луѓето полесен и попаметен - без разлика каде се наоѓаат“, нагласи тој.
Платформи дизајнирани за поврзувачко искуство
Моќната платформа на технологии во полето на VI, IoT и безбедност, го подобрува корисничкото искуство и им овозможува на програмерите побрзо да развиваат креативни апликации. Samsung разработи планови за зајакнување на технологиите за основните платформи како што се Bixby, SmartThings и Samsung Knox.
НаSDC21конференцијата, Samsung најави подобрувања на платформата Bixby, која стана централен дел од корисничкото искуство за над 300 милиони Samsung уреди. Bixby сега користи VI во уредот и длабоки невронски мрежи за да обработува команди на самите уреди. Благодарение на VI во уредот, оваа апликација е дури 35% побрза од претходно.
Samsung ја претстави и платформата Bixby Home за програмери, која служи како интелигентна врска помеѓу обработката на природниот јазик на платформата Bixby и платформата SmartThings. Сега гласовните команди може да се извршуваат попрецизно, земајќи ги предвид состојбата и контекстот на различни уреди.
Samsung најави новина и кога станува збор за платформата SmartThings, а една од нив е целосна интеграција со најновиот стандард за компатибилност на паметни домови наречен Matter. Стандардот Matter ги решава проблемите со програмската интероперабилност и во соработка со голем број партнери, ќе ја формира основата за лесно поврзување со паметен дом. Софтверот SmartThings Hub исто така ќе биде вклучен во палетата на производи на Samsung, вклучувајќи ги и Samsung Smart телевизори и фрижидери Family Hub.
Samsung смета дека податоците за клиентите и личната приватност се исто толку важни како и искуствата што ги обезбедуваат неговите уреди, а компанијата е посветена да обезбеди совршено корисничко искуство и се грижи нејзините уреди и услуги да се целосно безбедни. Samsung Knox, безбедносната платформа, нуди вградена заштита за над 100 милиони Samsung уреди. За понатамошна заштита на корисничките податоци, Samsung Knox Vault доаѓа со комбинација од специјализиран безбедносен хардвер (нов безбеден процесор и изолирана безбедносна меморија) и нов интегриран софтвер кој ги штити најчувствителните податоци во оперативниот систем и апликациите Android. За време на конференцијата SDC21, Samsung ја истакна важноста на соработката и неговата отворена иновативна филозофија за подобрување на безбедноста и приватноста и беше истакнато дека ќе продолжи да работи на воведување алатки за анализа на безбедност со отворен код.
Samsung, на SDC21 конференцијата, ги претстави своите „Принципи за приватност“, истакнувајќи три области кои се во основата на сите иновации на компанијата: заштита, избор и транспарентност. Врз основа на овие принципи, на корисниците, програмерите и партнерите им се даваат информациите што им се потребни за да донесат одлуки за тоа како да управуваат со податоците. Компанијата им нуди на корисниците опција за прегледување и управување со дозволите во поставките за приватност на уредите Galaxy и паметните телевизори, а политиката за приватност на Samsung е достапна преку Порталот за приватност. Samsung ќе продолжи да работи со глобалните безбедносни експерти и да работи на воведување алатки за безбедносна анализа со отворен код за да ги направи своите екосистеми уште побезбедни.
Tizen за дополнително подобрување на паметните телевизори
Врз основа на својата визија за „Екрани насекаде, екран за сите“, развивајќи нови искуства кои ја подобруваат поврзаноста, функционалноста и забавата, Samsung продолжува да ја зајакнува својата позиција како светски лидер на ТВ уредите. На конференцијата SDC21, Samsung претстави различни начини на кои телевизорите на Samsung обезбедуваат нови искуства, вклучувајќи:
- видео комуникација, која преку партнерство со компанијата Google им овозможува на корисниците уште повеќе да уживаат во видео повиците преку ТВ уредите, благодарение на функциите за фокусирање и зумирање базирани на вештачка интелигенција.
- Samsung Health на паметните телевизори, кој се поврзува со камерата за да го анализира движењето и да обезбеди информации во реално време за време на вежбањето.
- Пореалистично играње, кое благодарение на HDR10 + има автоматски поставки за мало доцнење и HDR калибрација.
Samsung ќе го лансира Tizen for Business за деловни корисници. Оваа услуга поддржува интерактивни табли во училиштата, киосци во трговски центри и екрани во ресторани, аеродроми и во метроа. Со новите портали за управување, компаниите можат да вршат мониторинг и контрола на екраните во реално време од далечина и лесно да поставуваат повеќе уреди со еден допир.
Со добивањето Tizen TV Platform licence, производителите кои сакаат да ја воведат премиум ТВ платформата како што е Tizen, можат да го сторат тоа брзо и со минимални трошоци. Оваа лиценца им овозможува преку Tizen да ги промовираат своите производи на пазарот на Smart TV и да ја понудат оваа услуга на поголем број корисници.
Иновации во Galaxy екосистемот
Samsung обезбедува корисничко искуство кое ги задоволува потребите на корисниците и уредите. Благодарение на постојано проширување на опсегот на типови уреди и модели, програмерите имаат цела низа можности да иновираат на нови начини.
Samsung на конференцијата SDC21, го претстави новиот One UI 4, најновата верзија на својот мобилен кориснички интерфејс,. One UI 4 обезбедува нови опции за персонализација, овозможувајќи им на корисниците да создадат искуство и да формираат уред што е навистина нивен. Samsung ги комбинира водечките функции за приватност и безбедност со опции за корисниците да ги персонализираат дозволите, за да можат секогаш да ги контролираат своите податоци кога користат уред Samsung.
На настанот, Samsung им ги покажа на програмерите можностите што ги нуди One UI 4, особено за уредите на преклоп како што се Galaxy Z Fold3 и Z Flip3. Благодарение на One UI 4, корисниците ќе можат да користат функции како што се Flex mode и Multi-Active Window, кои им овозможуваат полесно да уживаат во повеќе интуитивни искуства, кои се единствени за моделите на преклопување. Дел од конференцијата SDC21 беше посветен и на Galaxy Watch, каде што се претставени алатки за програмерите кои ќе им помогнат да развијат нови апликации на овој екосистем.
Samsung ги поканува програмерите и партнерите да им се придружат во создавањето нови и безбедни решенија. За повеќе информации за Samsung Developers Conference 2021, посетете ја страната developer.samsung.com.
За Samsung Electronics
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со идеи и технологии кои носат трансформација. Компанијата го редефинира светот на телевизори, паметни телефони, уреди за носење, таблети, дигитални уреди, мрежни системи и меморија, LSI системи, лиени и LED решенија. За најновите вести, посетете ја странтаhttp://news.samsung.com.
ПР-објава